даскал (м.)

А сега, ко посрано дете се мешколи пред нас, си мислам, - За држава треба цар, даскали, доктори, писари, вели војводата, а ти имаш само болви и болвосерки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и кога гледаше низ прозорец или ти се чинеше оти сега Даскалот ќе ја фати да не дочула што рекол.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ама јас и понатаму не можев да разберам зошто даскалот со толку манија и пизма се нафрли врз дедо?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама јазот што се отвори меѓу него и даскалот, најмногу матно носеше за мене.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Крсто, кир даскале... - велев јас со растреперен и исплашен глас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нашите даскали нѐ убедуваа дека е тоа шунд литература.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Така тој ден Даскалот почна со сметање и бате Јоле стана од местото и си излезе надвор.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И на масата од даскалот Бино секојпат се наоѓаа по две три врбови шарени прачки, донесени од одлични ученици, и не беше редок случај да имаат тие работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Преку четите омразата се прошири кај првите луѓе од народот — даскалите и поповите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се качуваше по скалите, на чардакот кучката и куталето ја довршуваа попарата што ја беше надробила баба од манџата и лебот што не ги изеде даскалот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали го сфаќаш тоа, даскале: на природата наеднаш ѝ се присакува некои изгубени времиња да ги надокнади за да втаса таму каде што требало да се најде пред неколку месеци или дури и пред години?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ним сигурно разговорот не им беше завршен зашто додека јас се токмев да седнам што поблиску до нив за да ги слушам што зборуваат, дедо ми ми рече: - Земи го пагурчето со ракија и оди, однеси му го на Даскалот. Се дупна од работа тој...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како и секој стар градски занаетчија, Ружди берберот длабоко ги почитуваше даскалите како учени луѓе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Доста доби кураж и од даскалот за своето необично решение.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дојдоа уште тројца даскали и со Бина се сторија четворица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Петре Даскалот наш тогаш нѐ учеше на сметање, а од сметањето бате Јоле бегаше како ѓаволот од први петли.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Слушај го даскалот шо ќе те учи, побрго да научиш да пишуваш, ако сакаш да везиш нови кошули.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Даскале, пушти ми го детето да ми помогне, па после кажи му што треба да му кажеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе