детинест прид.

детинест (прид.)

Авторот на „Марсовските хроники“ одбива да созрее, останувајќи близок до формата на мрачниот По, а не се прифаќа за романот, обликот на Бароуз, својот втор идол, авторот на простодушно и детинесто раскажаните приклученија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој беше таков детинест, толку беспомошен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Детинест е, нервозен, со променливо расположение.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во „The Small Rain“ ликовите се соочуваат со смртта на еден детинест начин. Ескивираат: спијат до доцна, еуфемистични се.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прочитав: „Сенилен - старечки детинест; некој што подетинел“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)