додатен прид.

додатен (прид.)

Додатен проблем му причинуваше и најавата за носење закон за неженети со што Трпе покрај сите пиздарии ќе требаше да ѝ плаќа уште и данок на државата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Му го гледам црното мрсно лице што се отсјајува на сонцето, засилено сега со некоја додатна пожарна светлина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мора да се каже дека за цело ова време додека Ѓорѓиевски не е на работа, во Шеќераната се случуваат дополнителни турбуленции со кои додатно се отежнува можноста за спротивставување на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А потоа и оној додатен податок: Роза ми објасни дека се јавувала по телефон дури од Градска пошта, добро сум знаел дека Раде не држел дома телефон бидејќи гарсоњерата ја користел само за починка (се разбира Роза притоа не спомна дека таа гарсоњера Раде ја користеше всушност за неговите машки потреби).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но сега знаеше дека му е намалена храната на другото јагне, рожбата на овцата, па веднаш донесе во копанка солени трици, ја издвои овцата која отсега повремено ќе требаше да дои две јагниња ѝ ја даде оваа додатна храна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Но бидејќи поканата е од оние, белите, потребен е уште еден, додатен лист. Нешто како потврда за веродостојноста на документов“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Гледам јас, дека ти целата оваа приказна ја прифаќаш како додатно изненадување по повод твојот роденден. Сила си, мамичке!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Истава приказна, без некој посебен повод Раде ми ја повтори и при синоќешната средба. Но со некои додатни поединости.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дрвената граѓа беше скапа, но работната рака беше уште поскапа, и додатните трошоци за дрвената граѓа ќе ги надомести со заштеда за работната рака кога ќе се уредува екстериерот, додатната дрвена граѓа ќе овозможи побрзо да се заковат цементните страничници, а ќе биде поекономично, а освен тоа целата кула ќе биде поцврста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Уште еден таков скорашен пример е со пријателот Панче, страстен фотограф, со ретка додатна пасија – читање книги (на кого исто така му ја раскажав случката со словачкиот Кортасар).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мислам дека сите додатни објаснувања на Соња Пазарџиева имаа за цел да ме уверат дека сум прокоцкал убава шанса, но дека животот без тие непредвидливи околности ги губел изненадувачките својства, а спомнатата Соња, ја сфаќала во прилична мерка мојата природа, знаела дека јас не сум спремен да го изберам сивилото како основна боја за моето секојдневие.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
ВЕРА: Кога пак тато умре и беше продадена нашата куќа и бавчата, мене ми беше страшно навредливо, што некако како додатно се продава и сѐ, сѐ што беше во аглите на куќата и на бавчата потшепнато, на шега кажано и проплакано.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А да признаам: не очекував дека зафаќањето со темава ќе побуди кај него и додатно интересирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако се погрижите околу Клаус, додатно ќе се договориме. Намирисајте што сака. Не ви е првпат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И тогаш би имало додатни нови вистини коишто би го имале истиот ефект.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Спротивното е давањето отпор; а давањето отпор е само едно залудно и додатно страдање...!  Секогаш кога влегува во ќелијата, Цви Корец чувствува олеснување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зошто ми беше тоа: само додатно оптоварување на душата, додатно прашиште во куќата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А потоа, и неговата додатна дилема што мене ме развеселува а него, веројатно дефинитивно го дотепува; она сладникаво но и горчливо прашање, што самиот тој со тивок глас си го поставува: „Дали навистина ќе ја довршам со успех задачава, и како ќе ме наградат ако ги совладам безвредните тешкотии?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Човекот додатно зеде воздух. Изгледа, му недостасуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но со какво ли значење беше исполнет чудниот свет на нејзините двоумења во кој толку лесно и без никакви додатни објаснувања неочекувано се најде и таа стија на злото?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе