долен (прид.)
Во фиоката со чипканата долна облека.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ни телалите од долните села повеќе не одат средсело за да им го соопштат на луѓето она што самото по себеси се подразбира.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Фимка се вкочани, се стаписа, ѝ затрепери долната усна, се разигра мускулот на образот, пот студен ороси чело, немошница ја совлада.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А од секое пенџере се виори бело знаме од завесите, луфтираат по платената љубов и чат-пат ќе излезе некој во долна маица на некој перваз и ќе плукне одозгора.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Горните и долните клепки му се составија и ја собраа кожата на крај очи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
За сожалување, муслиманите и до последно време не можеа да се ослободат од својата стара предрасуда да гледаат на христијаните како на подолна раса од нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Организацијата беше и е завиена во тајна, така што долните нејзини членови се слепи орудија за исполнување само на работи диктирани од горни причини и интерес.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да им се јавам на овие луѓе, ми е страв да не нешто ме отепаат или да не се некои диви луѓе од долна земја?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ја покри долната усна со беспрекорно рамните заби и не почувствува болка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Битката се водела за спасување уште на неколку члена од посадата што се нашле во долниот дел на бродот и постоела опасност да изгорат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„'Рѓо 'рѓосана, Досто! Си видела сомун, па сакаш погача. Не ти е доста чупе, па требело и дете. Море, дертот ќе го вате ошче еднаш јас кога ќе стенкам долни крај, душата да ми излева!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тие течења се вкоренуваат првин во долните класи и воопшто кај луѓето без предубедување, готови да се борат со тие предубедувања во заштита на новите идеи, од чие реализирање ќе зависи не само нивната, туку и среќата на нивниот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Човекот ја стисна долната усна со предните нерамни заби и се поткрена на лакот, нејасно надевајќи се на нешто.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
За да се ослободат Бугарите во Горна Бугарија, што се одделува од Долна со Балканите, 146 доста е да се истепаат византиските гарнизони во неа и да се фатат од нив дервените за да не пропуштаат нова византиска војска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Долниот крај од антеријата му се размавта и зашушка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
2. Долниот свет
Не оти сме слепци
туку од што сме се одвикнале
да гледаме блиску пред себе
невешто се движиме
со стап вперен напред и
пипкаме:
да не би да наидеме на змија, мудро немушта
да не би да најдеме габа, солза радосница
оти со години гледајќи далеку
ни отапеа сетилата
за светот тукашен
па само некоја разорена
и во мислите насетена
ко привидение, стварност
се тетерави без престан
и бдее
од страв да не исчезне
ако се успие!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тој процес отпочнал со симнувањето на македонските племиња од северозападните и западните планински краишта, Горна Македонија, во централниот дел на рамнината на Долна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Сега додека одевме кон скалите за да се качиме горе во собата, му го видов профилот, по малку пушкиновски, подаден напред, но целото лице подолгнавесто, горниот дел кај челото и очите поизразен, а долниот пововлечен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)