допирен прид.

допирен (прид.)

Се радувам кога ќе го најдам кодот на нечиј свет и кога ќе се потврди дека сѐ што е живо има допирни точки. Понекогаш тоа оди само по себе, се случува спонтато.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја одрекува и вистината и лагата. Не постојат тука допирни точки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓу нив нема многу допирни точки. Тие се светови за себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бојадисувањето како лесна смрт или и егзактната непристрасност е пристрасна Два круга-соседи, едниот син, другиот жолт, имаа полупречник со еднаква должина и заедничка допирна точка Х, што и симболично го означуваше нивното взаемно почитување.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Праксата за која ќе стане збор тргнува од свеста за една организација на светот и на визуелните полиња во коишто тој свет постои, светот на тн. „богат поглед“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Книгата нема допирни точки со она што сакам да го истакнам во текстот, но некои согледби и цитати од неговиот филозовски дневник, можат да дадат прилог во разјаснувањето на моите тематски опсервации.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој бил темелен во своето учење, а Бетовен бил желен да учи, така што тие имале барем една заедничка допирна точка, па ученикот брзо напредувал.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)