дрочен (прид.)
Колкава била неговата болка, која низ дрочните води од подземните стерни на Деринкују не можеле да ја стишат и исцелат?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Жените се настрвија на зрелите и дрочни, црвени и црни капини, не мислејќи на трњето со кои се штитеа дарежливите плодови од ненамерните натрапници, а мажите го враќаа чекорот назад од помислата дека некој вол го подмочал пред да го однесат на колење за некоја трпеза надвор од листата за јадења.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Каде ни се заборавените зборови
пред кои запиравме како пред можност
да се најде изгубеното
каде се зборовите дрочни со смрчки
зборовите што нѐ попрскуваа
со нектар и семе по крилцата и ципите
срамежливи и бесрамни
зборовите заради коишто
капаците би си ги склопиле
и би се префрлиле слободно
во другото тело како во свое
во своето како во туѓо
по архимедовиот закон
со озрачени души
да не останеме полуживи и сами вечно
и од јазикот да се откажеме
доброволно, како од љубовта
при сѐ што сакавме
да бидеме заедно
уште, огин-и-ништо
залудно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Доаѓаа На полноќ Чиниш По договор: Стравот на еден Осамен човек И стравот На еден Осамен Збор. Корен Некаде во мене Шири и расне Длабок еден корен Огнозборен. Овошник Дрочен а мал Овошник Во кој сум се Пресоздал вода си „Вода си, Рече ноќта, Можеш Низ мене Да течеш“ „Веда си, Рече громот, Усти низ мене Сѐ што посакаш Да речеш“ ***
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Сонуваше: цветна земја, цветни ливаѓе и дрочни градини, градови со дрворедни, со полни театри, поети со оди и псалми на певици, со умни библиотекари и сјајни библиотеки.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Наведнат над листот, се напрегав да ја следам мислата и да го дофатам зборот со сиот волумен, широк и дрочен како големата дрочна месечина што виси ноќва над Маказар, „селото со седумдесет куќи и двесте и осумдесет жители“, како што пишуваше во својот патопис Јохан Барт, сместено одамнина крај стариот пат Виа Игнациа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога, по кој знае колку време, се освестив, ја видов раката како дрочна пијавица, надуена гасеница.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Лизгајќи се по рамото како по крлушки, и по мекотата на попрсјето, тој ја осети дрочната икра што трепереше во гроздови, полна густа медовина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)