економичен прид.

економичен (прид.)

Тоа е економично, чевлите подолго ќе траат и ...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Поради тоа што, во меѓувреме, придонесите кон ФПИОМ беа исплатени, адвокатот го повлече овој дел од тужбеното барање – по што полномошникот на „Охис“, кој не го оспори побарувањето ниту по основ, ниту по висина, а заради економичноста и целисходноста на постапката, предложи да се донесе пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа жителите на Потковицата не го правеа од скржавост, или од мрзливост, туку дека беа економични спрема гората.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Медијацијата е економична, ефикасна и брза постапка до која страните имаат лесен пристап (чл. 8, ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не, не, ќе мора малку и бос да оди. Тоа е економично.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Геј- културата во некој миг ја презела репликата и ја претворила во симбол, во економичен начин да се сјадри една драматична поза што ќе биде при рака кога понатаму ќе треба да се преодигра преку цитат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)