експерт м.
експертиза ж.

експерт (м.)

Терапевтите можат да дадат свој придонес во деконструкцијата на експертските знаења, со тоа што ќе се сметаат себеси за „коавтори“ на алтернативни и преферирани знаења и практики, и со конкретни усилби да воспостават контекст во кој клиентите се привилегирани како примарни автори на овие знаења и практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Почнете да се потпирате на брачните советници и брзо ќе станете зависни од експертските совети како да го задржите вашиот брак.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нашите научници и прославени стручњаци, со помош на експертите од братските социјалистички земји, согледаа дека во овие води се кријат милијарди киловат-часови електрична енергија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таму ги моташе своите цигари од кафеава хартија, читаше од здодевната книжевност достапна на ранчот и си додаваше импровизации на песните од репертоарот кои ги пееше извонредно експертски на гитарата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некогашен примерен дипломец на правни науки во Болоња, по ослободувањето на Албанија од фашизмот, во 1944 година, Бубуш ќе се вработи во Министерството за Правда, а потоа и на други работни места, како докажан експерт од областа на статистиката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овие јазични практики воведуваат начини на зборување и пишување кои се сметаат за рационални, неутрални, и респектибилни, истакнувајќи ја довербата во авторитативниот опис и имперсоналното експертско мислење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги срети на појадок. Се поздрави со сите, а потем седна до секретарот Сретен Јаворов, спроти експертите од Министерството за урбанизам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Според нивните анализи на советското инволвирање во Грција, британските експерти сметале дека во почетокот на војната тие не покажувале поголем интерес за она што се случувало во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Експертите биле многу јасни кога констатирале дека ако го прифатат предлогот на Рендел, тие не би можеле да се сигурни дали „поткупените Македонци би апстинирале да не работат против југословенските и грчките власти, кои се нивни природни непријатели, и дали би работеле против Германците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Експертите по хортикултура (заедно со селаните, кои го израмнуваат земјиштето и ја подготвуваат почвата) ја „промовираат“ новата голема градина на местото од некогашниот замок.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Беше еден од огромниот тим експерти што сега беа ангажирани на составувањето на Единаесеттото издание на Новоговорниот речник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во огромните лаборатории на Министерството за мир и во експерименталните станици скриени во бразилските шуми, или во австралиската пустина, или на изгубените острови во Антарктикот, експертските тимови неуморно работат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од дефиницијата од речникот можеме да видиме зошто некои луѓе кои ја употребуваат метафората „разговор“ тврдат дека не се експерти - што се надевам е лажно тврдење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од Италија, како експерт за други работи, го испратиле во Шведска.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сѐ еминентни, стручни и докажани експерти, кои, меѓу другото, до својот врв во наобразба и дообразба поминале едукативен пат кој им се поклопува зачудувачки на сите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сигурно дека експертите во Форин офис имале огромна работа од мноштвото информации што пристигнувале да ги селектираат вистинските и да заземат „правилен“ став во однос на одредени настани или држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Она што претставувало изненадување за експертите на Форин офис биле многу јасно потцртаните становишта на Еванс за националната свест и патриотизмот на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Експертите воопшто не биле сентиментални спрема дотогашната британската геополитика на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Разговарав неодамна со еден ваш пријател, кој е вистински експерт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе