емиграција ж.

емиграција (ж.)

ЕМИГРАЦИЈА Заминах за Скопје да уча И момче од тука фанах Со гз докторка станах
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Меѓу таа македонска интелигентна емиграција има мнозина или што имале или имаат високи должности, пак и коишто се претенденти и кандидати за нив, во тој број и за министерски портфељ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На тој начин, си го наплаќал долгот што македонската емиграција го оставала во неговата кафеана.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еднаш Игор Лозински му рече на Татко, а на тоа сега убаво се сеќаваше додека се ближеше кон крајот на истекот на реката, дека руската емиграција е нов феномен во универзалната историја на човештвото, што можеше да се спореди само со егзодусот на еврејската дијаспора.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Уште во почетокот на војната Вашингтон бил запознаен со минорното значење на владите во емиграција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тие резолуции се имаат примано во Бугарија, под влијанието на бугарското општество и од македонската емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие степени на емиграција секогаш можат да станат и степени на еманципација.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Малку тоа. Мнозина, па и најголемиот дел од македонската емиграција во Бугарија, ќе се противат на новото течење од чисто егоистички причини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вам секако Ви е познато дека овде во Софија деновиве се основа Македонско научно-литературно друштво: Вистина, засега околу него се собраа десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати грото од македонската бројна емиграција
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А тоа ние го направивме за да ви покажеме дека нашата емиграција знае кои причини ве натерале да кренете толкав шум против егзархијата и толку клевети против народот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога Бугарија со шум сакаше да го реши македонското прашање, водена за носот од македонската емиграција, Србија тихо, со голем успех работеше во Македонија наполно согласно со српската поговорка: „Тиха вода брег рони”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вашиот ценет сопруг е видна личност во македонската емиграција и ние сме загрижени да не дозволиме да падне врз него сенка што би можела да го опетни.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со тоа завршил неуспешно обидот на британскиот клон на СОЕ во Каиро да испрати воена мисија на територијата на Македонија кај емисарот на четничкиот генерал Дража Михајловиќ кој во овој период имал целосна поддршка од британската влада и од југословенската влада во емиграција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пристигнувањето на првите сојузнички новинари и нивните извештаи и репортажи од самото место влијаеле да се надмине времето кога Југословенската влада во емиграција и нејзините пропагандни центри успевале меѓу сојузничката јавност да протурат информации за „борбата“ на Дража Михаиловиќ и за четниците, игнорирајќи ги силите на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Историјата на дваесеттиот век меѓу другото е и историја на масовни движења на бегалци. Тие почнуваат со дезинтеграцијата на Отоманската Империја и емиграцијата на Евреите од Источна Европа на почетокот на векот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Комитетот, притоа, потсетува на улогата на емиграцијата во политичкиот живот во Бугарија, каде што станала орудие „во рацете на бугарските шарлатани... орудие преку кое тие се качуваат и слегуваат од власта“; на нејзините “шовинистички слуги“ спрема Бугарија, Србија, Грција и Романија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
-Во својата алчност тие ги зголемија вештачката емиграција и царинските бариери, попречувајќи го слободното движење на луѓето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе