емигрира св. и несв.

емигрира (св. и несв.)

Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Својствата на музиката му се спротивставува на календарското време и начин на живеење; сѐ подредува на себеси; од еден и еден прави еден човек; не ја злоупотребува искреноста; ја ублажува сличноста меѓу несреќата и страста; ја збогатува крвната слика на емоциите; луѓето ги дели по слухот; процес е кој трае без оглед на злосторствата исчезнувањата, паѓањата во неа емигрираат немуштиот јазик и душите потребни ѝ се помошни средства луѓе и тишина; се нуди во најразлични изведби; предизвикува природни феномени затемнување на сонцето на љубовта, рамноденица труење со хармонија музиката е без предрасуди не озборува, не осудува избезумува те заведува, те заведува и кога си во нејзини раце те остава сам, со себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можите ли да замислите како му било на нив, кога од Грција, која веќе неколку децении беше независна од турците, напуштиле сѐ шо имат таму и емигрираат пеш со коњи и магариња низ планините до тука – битолско?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За време на Студената војна, голем број уметници емигрираа на Запад, и лажното уверување дека МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ, без разлика дали доаѓа од Исток или од Запад, е толку универзална што може да биде класифицирана под исто име: тековен -ИЗАМ, стана општо прифатено.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Земјата брзо се осиромаши, школуваните умови, создадени своевремено паралелно со тешката индустрија емигрираа во САД, Канада, Австралија, дури и до Нов Зеланд...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По војната, неговото семејство емигрира во еден балкански град.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како четник, тој повеќе од една година ги обиколувал македонските планини, а потоа емигрирал во Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во Њујорк емигрира 1933.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во екот на војната, таткото во проучувањето на јагулите во Струга го наоѓа оправдувањето на своите мечти за емиграција, но од Балканот на XX век, трансформиран во лавиринт од конфликтите и појавата на непреминливи граници, веќе не се емигрира, човек се врти во круг, се загубува, и семејството ветено за Америка, запира во Скопје, главен град на Македонија, на брегот на една река, Вардар.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)