енергично прил.
енергичен прид.

енергично (прил.)

Енергично листав сѐ дури вниманието не ми го привлече спасоносно, следната сомнителна реченица: „Повеќето луѓе се способни да го исклучат протокот на стимулации кои доаѓаат од околината, но оние со ниска латентна инхибиција не можат, што резултира со психози, превисоко ниво на креативност или и двете.“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој посебно нагласува: „основно е дека ниту еден член од нашата организација не треба да има ништо со овој човек и секој интерес што би произлегол како резултат на локалните контакти или обиди да се заинтересираат нашите членови за него мора енергично да биде обесхрабрен.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овој енергично му ја клаваше стомната в раце. - Донеси! Не гледај ме така! Трчај!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тој удираше сега енергично со показалецот. - Јас тука исполнувам службен долг.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Шанкерката, девојка од дванаесетина години, со долги нозе, врз кои имаше навлечено стегнати фармерки, со разградна бела кошула облечена врз маица што ѝ ги покриваше градите до вратот, со полузасукани ракави, делуваше штичесто, но енергично поради што нејзините цврсти роглести цициња делуваа нападно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Макар што имаше само неколку месеци како што беше ослободен од заложништвото на островот Малта, тогаш четириесетгодишниот Али Фети изгледаше свежо и енергично, со висока става, широко лице и не толку изразити мустаќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Има, има врска! – прифатив енергично. – И пред марксизмот, рускиот социјализам не го загуби верскиот потенцијал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Тоа ми е многу мило, дека се трудите, - рече кметскиот и мавна енергично со глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој ја пикна раката во торбата и навистина извади едно маче, кое сега веќе енергично запрета со ноџињата и успеа да му се закачи со ноктињата за ракавот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Поп-Кочина улица, што по едно енергично завивање излегува на кејот, беше многу попривлечна и со позанимливи луѓе со кои можеше да се живее.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Остап ги читаше, одвреме-навреме енергично прашувајќи: „Оџаците се чистат редовно? Печките се во ред?“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тетка ми срипа како попарена и небаре од воздух одеднаш во рацете ѝ се создаде крпа и средство за чистење, кое почна да го прска на шанкот и енергично да го трие.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Симон висок, танок, исправен на долгите нозе, а Борко понизок, во костум, со потемна коса и енергично лице.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зошто овој толку енергично ѕвони?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)