енергија ж.

енергија (ж.)

Таа секогаш располагаше со доволно енергија но и со непоколеблива безочна упорност за да почувствува потреба да ја прикрие својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Телесната сила на човекот попушта пред жестокоста на енергијата која од него се бара.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Старо одртано мажиште, не поради годините кои ги носеше на својот грб, туку поради годините поминати во разни сплеткарења, во непотребно расфрлање на сопствената енергија, во мачо пијанчења, во неизмерливо долги часови играње покер, на(д) жени од секаков калибар и ранг, на влечење по скиснатите, извалкани подови на околните барови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сопатник на кој својата позитивна духовна енергија безрезервно му ја даруваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тежината и леснотијата на животот, сплетена во активностите на дождот и во секојдневностите на луѓето, беа само едно обично полнење и празнење на енергии и ништо повеќе и ништо помалку од тоа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Киевското комунално претпријатие почна да покажува знаци на бурна енергија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Метаболизам на дискусијата Кампања за здрав разум и обновлива енергија.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Размислувам и во правецот на телепатијата и космичката енергија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бев инфициран со енергија од вампирско револуционерен карактер.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тие сакаат ти постојано да пукаш од енергија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама, не жалат блиските кога бараат подарок по Скопјето за внучињата од сестра, брат или братучед затоа што во подарувањето се предава и енергијата со која се трошеле парите за истиот, а кога некого љубиш како некој близок свој, навистина му посакуваш сѐ најдобро, па и не ти тежи самата свадба како на оние другите, кои молеле Бога да не бидат поканети и се пресметувале колку, всушност, ќе ги чини тој ден кога некој со кого не се виделе 100 години, ете, се сетил токму сега и на нив, па мораат да одат и да се отстрамат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од очите во публиката добил таква енергија, таква мотивација, по што не му останало ништо друго освен да се разлета по сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сите сме со ист состав, зрачиме едни кон други со сопствената енергија за која мислиме дека е само наша – продолжи старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Љубовта е комплементарна енергија и активен дијалог.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Истоштена од семејните грижи, кревка, без некогашната енергија кога ги раѓаше другите деца и долго време ги доеше, некои и по една година, нејзините гради останаа речиси пресушени за последната рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ништо помалку од тоа, секоја секунда во вечност претворете ја, позитивно мислите енергијата, насочувајте ги.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Еротичната катарза беше доволно настрана да предизвика да се восхитам на способноста на соговорникот постојано да ја чувствува и еднакво да се разочарам од нејзината неспособност самата да се рефундира, без да ги трансформира силите на туѓата, подарена или сосила присвоена енергија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Снагата што пукаше од здравје и енергија почна да му омлитавува, да ослабува, да се суши и да се смалува, така што износените костуми му се мавтаа како околу сарак за бостанско плашило.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потенцијалите на животна енергија се високи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не мисли дека ти ја земаат енергијата, така сам им ја даваш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе