епархија ж.

епархија (ж.)

Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со тоа Охридската архиепископија била укината, а нејзините епархии биле присоединети кон Цариградската патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Гледа во еден од свештениците, повиено старче со влажен и замислен поглед, кое поради возраста веќе не служи по епархиските цркви, забележувајќи дека неговата риза е толку стара и така избледена, што наместо црна, на сивата светлина на денот се чини модра.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Под јурисдикција на Охридската архиепископија со седиште во Охрид се наоѓале поголемиот дел од македонските епархии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Цариградската патријаршија ја задржала својата јурисдикција над југоисточните македонски епархии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
71. Називи на воени и полициски формации, сојузи, партии и здруженија: а) Војските, воените и полициските единици, воените и паравоените групи: Армија на Република Македонија, Хезболах, Ирска републиканска армија, Легија на странци, Исламска држава. 48 Голема почетна буква само на првиот дел од називот Воените и полициските акции: Пустинска бура, Килибарни лисици, Барбароса. б) Политичките и воените сојузи: Атлантски сојуз, Антанта, Варшавски пакт, Коалиција за Македонија. в) Политичките партии: Лабуристичка партија, Конзервативна партија, Демохристијанска партија, Социјалдемократска партија. г) Здруженијата: Здружение на лектори на Република Македонија, Македонско лекарско друштво, Здружение на филмски работници, Здружение на судии на Македонија.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Во 893 од страна на бугарскиот владетел Симеон, Климент бил поставен за словенски епископ во Дремвицката епархија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во таа прилика српската црква ги приклучила епархиите Мороздвидска и Ќустендилска, заедно со градот Разлог.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ваквата ситуација Охридската архиепископија настојувала да ја искористи за враќање на своите поранешни територии бидејќи бројни епархии биле изгубени за сметка на Пеќската патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во рамките на Цариградската Патријаршија постоеле и Охридската архиепископија и Пеќската патријаршија, чии верски водачи биле одговорни за православното население во тие епархии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)