жолти (несв.)

И ете, оттогаш секоја пролет по падините и полјаните цутат илјадници жолти јаглики во спомен на малата Јаглика што живеела некогаш, одамна, одамна...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но ете, бадијала им се на овдешните балкони сите шопски и жолти на овој свет кога ја немаат онаа основна карактеристика заради која древниот прачовек го измислил првиот балкон...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Им ја отвори прво вратата од тремот на говедата, па кога тие се спуштија кон поилото, оставајќи жолти траги по белата снежна патека, тој се качи во плевната и им спушти во јаслите од кошарата два снопа царевиње.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Животното имаше жолти вкочанети очи кои копнежливо се мачеа да се затворат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
По десетина минути, стариот го симна торбулето од рамото и од него извади две жолти дуњи, две суви китки босилек, едно крајче мувлосан леб и празно пагурче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Очите му беа жолти и слични на две пчели без движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрес тест, тест за алергии, тест за рефлекси, текст за капацитет на белите дробови (дував во жолти балони сѐ додека не пукнаа, потоа во една машина со големина на Хамондовите оргули), рендген, броење на спермата, и густо отчукан прашалник на дваесет и четири страници со поглавја за анализа на соништа, генеалогија, логика и заклучување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Под црвната и маслена шапка меката светла сламена коса му пагаше преку стаоречките очи, длабоко пропаднати, жолти и полни со темни дамки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Писарот се огледуваше во врвовите на своите жолти чевли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во тој миг таа застана, се наведна, крена едно листенце што не го беше настапнала, а се жолтеше со сета своја убавина и му се зарадуваа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Заскитуваше меѓу јасиките, го слушаше тихото шумолење на нивните трепетни жолти лисја, како да слушаше некоја волшебна музика, а потоа спокоен се враќаше кон колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со кожен ремен со презрамка, со жолти копчиња со буквата Б на токата и најубавото – со едни многу убави ками во кожни футроли, исто со Б на рачката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нешто сепак се гледа зад сенките на дождовите: пеперутка долетува и застанува на прозорецот, трепка со крилцата, пишува врз него со жолти букви низ топол ветер мај 1978.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Земја во која комбинацијата на црвена кошула, жолти панталони, зебрасти чевли, кравата во „тигрест” фазон и виолетови гаќи со портокалова шрафура, не е знак за евентуален невкус.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овде-онде по гумната, како злато се жолтеа кочани пченка - сиромашната селска храна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа утро боите на небото беа портокалови и сини и виолетови и понекогаш мошне црвени и понекогаш жолти или пак чисти како водата над белутракот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Излезе да ме оставиш со портретите но јас дека со нив се покриени млаки пејзажи: жолти езерски брегови, светли копи сено, црвени идилични неба. најпрвин ликовите беа нејасни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Планот на париското метро ја одредува со својот мондријановски скелет, со своите црвени, жолти, плави и црни гранки пространата но сепак омеѓена површина на исфрлените псеудоподии - а тоа стебло е живо дваесет часа на секои дваесет и четири, немирниот хлорофил протекува низ него со точна цел, ту се симнува на Шатле ту се качува на Вожирар а ту преседнува кај Одеон за да продолжи до Ла Мот-Пике, двесте, триста, кој знае колку можности за комбинирање за секоја кодирана и програмирана клетка да може да пристапи кон еден сектор на дрвото и да се промолкне во друг, за да излезе од галеријата Лафает и да остави пакет со пешкири или некаква ламба на некаков трет кат од улицата Геј- Лисак.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Трајче ги обу шиените штавени жолти опинци, се поздрави со чичко Талета, го јавна коњчето и тргна...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Си купив рало квалитетни, жолти чорапи, евтини. Не знаев каде да се упатам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Повеќе