закон (м.)

Таму постојано оперираме луѓе што станале против природните закони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можам ли да речам, како оној голем филозоф, дека ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене, се нештата кои ме определуваат?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таму владееа посебни закони.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во замена за тоа ние ќе имаме лице и право да се надеваме од нашиот великодушен господар да добиеме полна автономија во црковното и училишното дело и полна рамноправност пред законот и во месната самоуправа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Треба да се потенцира дека со оваа измена престана да се применува концептот на загарантирана минимална плата со закон а која претставува загарантиран минимум под кој не смее да биде исплатена плата на работникот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во замена за тоа Турција ќе ги прошири правата на сите македонски народности пред законот и во административното управување и ќе го покровителствува националниот развиток на сите македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Согласно законот од 1992, висината на регресот за годишен одмор можеше да се исплати најмногу до висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството, додека висината на отпремнина при заминување во пензија можеше да биде исплатена најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Градот влезе во лоша позиција се донесе законот за прохибиција алкохол тешко се наоѓаше на црно но ганџа пушеа и децата во прво
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Парничните трошоци ја опфаќаат и наградата на адвокатот и на другите лица на кои законот им признава право на награда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во случаите предвидени со закон или со пропис донесен врз основа на закон, решението не мора да содржи одделни делови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа одредба всушност претставува најава на промовирањето на концептот на репрезентативен наместо мнозински синдикат како носител на правата на застапување на работниците, кој беше промовиран со усвојувањето на измените на Законот за работни односи од октомври 2009 година. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тогаш сѐ уште не беше стапен во сила законот за забрана на пушење во јавни простории и кафеани.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Негативен аспект на законот претставува и одредбата според која овој закон не се однесува на куќните помошници.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Акциите се издаваат, се пренесуваат и се водат во форма на електронски запис во Централниот депозитар за хартии од вредност на РМ во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За некој ден требаше да стапи во сила Законот за забрана на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако не е строго легално, не постои успешен случај на кривично гонење за продажба на нитрити, бидејќи проблемот сѐ уште не е покриен со законот за дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Учеството на странско лице во новоосновано и во постојно трговско друштво не е ограничено, освен ако со друг закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку анализата на овој закон ја сведеме на чисто позитивистичко правно толкување би можеле лесно да заклучиме дека оваа одредба е позитивна и дека се работи за подобрување на правата на невработените по горенаведениот основ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Синдикатот може да бара од надлежниот суд да забрани исклучување од работа за време на штрајк, спротивно од одредбите на закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе бидат анализирани две категории закони: матичните закони што се однесуваат на работничките права и оние закони кои примарно обработуваат друга проблематика, но сепак вклучуваат одредби кои ги засегаат работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе