заостанат (прид.)
Читањето и пишувањето ќе бидат толку заостанати како јазикот на бебињата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Безобразна сум и правам дрски потези. Наплаќам заостанати долгови.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Извесни заостанати региони напреднаа и разни изуми, секогаш на некој начин во врска со војувањето и со полициската шпионажа, беа развиени, но експериментот и пронаоѓаштвото главно згаснаа, а штетите од атомската војна што се водеше во педесеттите години, никогаш не беа целосно отстранети.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Слично како и во случајот со неисплатените седум плати, тие ја уверува дека тоа набрзо ќе се случи, односно дека во најбрз можен рок таа ќе ги добие и заостанатите плати и неисплатените испратнини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во собата, над креветот, виси сликата на Ататурк; смела и решителна физиономија, која успеала турскиот народ да го поведе против заостанатоста, а за нов и понапреден живот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во Решението се наведува неиздржано образложение дека Марковски, кој побарал писмена информација за причините за неисплата на хранарина ги злоупотребил и пречекорил овластувањата регулирани во Колективниот договор за уредување на правата и обврските на работниците во МЗТ „Пумпи“ АД Скопје3 и дека сторил тежок прекршок на работниот ред и дисциплина поради тоа што, во директорската канцеларија, изјавил дека работниците ќе штрајкуваат доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„За парното? За заостанатите рати од кредит.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Меѓутоа, оваа „доброволна исплата“ на отпремнината и заостанатите плати беше дадена во готови производи од палетата на фабриката!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Еден од најзаостанатите пунктови на нашата општа заостанатост е токму маркетингот, вештината како јасно, прецизно и шармантно се комуницира, а притоа се заработуваат и пари.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А во поглед на тужбеното барање за исплата на придонесите во ФПИОМ – и тоа за период од седум и пол години (од 1994, па до средината на 112 2001 год.), судот определи постапката по тужбата да продолжи и по правосилноста на делумната пресуда – бидејќи туженото претпријатие имаше склучено Договор за наплата на заостанати придонеси од пензиско и инвалидско осигурување со ФПИОМ, од јуни 2000.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овие заостанати примитивци можат да се најдат на островите Фиџи, на Тахити, во Нова Гвинеја, во Виена, Париз, Рим и Њујорк - секаде каде што има луѓе.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Војска - џган. Дошле и во нашата колиба да бараат заостанати, болни и ранети партизани.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)