заострен прид.

заострен (прид.)

Прастар естетички судир (...) Дали изворниот антагонизам меѓу двата „апсолути“ кој е толку заострен во денешниот свет, не само во денешната уметност, претставува борба за сликата божја?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Џиновските размери на финансискиот капитал, кој е концентриран во малку раце и кој создава необично широка и густа мрежа односи и врски која му ја потчинува масата не само на средните и ситните, туку и на најситните капиталисти и сопственици – од една страна, а од друга, заострената борба против другите национално-државни групи финансиери за поделба на светот и за господство над други земји, – сето тоа го предизвикува општиот премин на сите имашливи класи на страната на империјализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)