запрета св.
запретан прид.

запрета (св.)

1. Не гасне светлината на тој гласот да го запрета свој во молк што треба пред големото зло од друго зло што иде во мугрите на виделото Тоа што сенката од нив да му ја изгони сака Сега е веќе мигот да се замине што повикува со стариот копнеж на битието во трепетот на крвта Будната роса на челото светлината на утрото ја позема пат правејќи низ мракот Вика гороцветот со муграта во пазувите
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Набрзо почна и пепел да му се качува и да го запретува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дишејќи ги така опојните мириси што избиваа од сламарицата, чувствувајќи го нивното благотворно дејство, на ум му дојде истото вакво дишење на сламата во плевната кога како дете се разболе; бегаше од болеста што го имаше приковано за креветот во собата и одеше кришум во плевната и запретувајќи ја главата во сламата и сеното, дишеше од миризбата и чувствуваше како го закрепнува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Него уште тука го запретавме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги запретаа колку да не ги јадат утре пците и чавките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега го копаше подот но ќошето на една малечка просторивка лево од вратата, тука го чуваа алатот, а во земјениот под ги запретуваа компирите, на тој начин сочувувајќи ги од мразот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе се урне на нас, ќе нѐ запрета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Исус Христос е со црвени чорапи и бледо лице И сега самик шета по небото и размислува Како се случи да остане бездетен Кога веќе знае дека Не умира само оној што ќе роди И проклет нека е оној Што цел век нешто прета А ништо за иднина не ќе запрета.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Огнот беше изгаснат, зашто синоќа не најде време, а и ниту помисли да го запрета.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некои тврдеа дека едниот паднал на место и го запретале во некој трап, другиот умрел дома, а само едниот останал жив и се лекувал негде во Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фронтот оглувел и занемел. Можело да се чуе птица да прелета, бубачка да запрета, ветка да процвета.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како што лежеше вудвосан во дворот Бубичоски, запрета со нозете, како ѕвере кога е отруено, и остана така, скукален.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Малку со клун, малку со нозе, го запретал семчето.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Очекуваше дека ќе ги најде повеќе, а ги имаше само неколку килограми, ги извади сите нив, во сламата веќе немаше ни едно зрно и тој тогаш ја запрета дупката во подот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Константин З , кој го презира и Скопје и Битола, и сите градови на новите предели, за оваа касаба, лесна за техничка обработка, има поеднакво и неподелено мислење, па го гледа командантот со празен поглед, технички заблагодарувајќи му се на предварителната покана што брзо ја запрета и ја отфрли меѓу неважните податоци во свеста. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа ги истрга гламните од огнот, гаснејќи ги со триење и исправајќи ги во дното на огништето со загореното нагоре, па потоа со машата го запрета огништето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И го кренавме девојчето, Роса моја. Го однесовме, го запретавме. И седнуваме на гропчето да го поплачеме, да го истажиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да не ги честевме работниците и да не земевме да го запретаме каналон со првата рака земја на цевките, којзнае дали ќе се напраеше ова чудо“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бошковица, која ѝ помагаше на снаата во миењето на чиниите од вечерата, му се приближи и го праша: - Бошко, да го запретам огнот?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За твојот сѐ уште неизмислен Одисеј ги запретуваш сенките в песок. О каква ноќ те означува.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе