зарипне (св.)
Птиците си пеат и никако да зарипнат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зарипнав од викање, што се вели и гласот свој не си го познавам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пееја, пееја, до зарипнување. Најпосле на врата се појави таа - сета во прозрачна свила.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Заостанува Наќе и почнува да вика, ќе зарипне. - О, Стојане! - Оу, вели Стојан. - Абре, ти си, али не си, вели. - Јас сум, бре брачед, вели Стојан.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Стоевме на нозе и викавме, викавме, мавтавме со раце, викавме до зарипнување: Мамооо!!! Мамоо!!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Иницираат кашлање мозочно, зарипнување на неслухот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)