засек (м.)
Жената помина со рака преку челото на мажот сѐ до длабокиот засек во косата и во дланката собра млака влага од пот која веќе истинуваше на него.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ја штракам земјата, а стебленцата ми подрипнуваат покрај засекот од мотиката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еден човек со мазна боксерска муцка, на која устата беше само еден засек, застана пред него, замислено балансирајќи го пендрекот меѓу палецот и показалецот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Започна кожата да ѝ се набира, да ожебавува, дебелите засеци на нозете и рацете да ѝ се зарамнуваат, да ѝ се смалува подбрадокот, да ѝ спласнува мевот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Под неа десно, каде што завршува засекот, сум го одбележал школото, еве, тоа било школото, со две училници, жолто обоено и со големи прозорци, сега црни правоаголни дупки.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сите овие мерки беа потребни: од паѓањето му остана на горната усна засек, па на некој начин требаше да се даде објаснение за тоа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ќе речете: Величествена гозба: Вдахновението Совршенството Смртта и Ти: Принесениот На Трпезата. зборовите Пеат и молитват Во мојот храм Зборовите што ги Оживувам. тоа што ќе пропее Тоа што ќе пропее И тоа што ќе полуди Тоа ќе да е мојот глас Тоа е ќе да сум јас? засек Остер нож. Убод. Рана.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Сепак сета таа случка остави длабока трага во неговата душа, подлабока од засекот на корбачот преку грбот, ги збрка сосем некои негови тврди претстави за
човештината, раздвижи различни чувства, а особено го потстакне чувството на револт, кое не можеше да не си најде и надворешен израз во вид на извесна акција.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од лево беше оној засек, доста длабок, со кој од таа страна неговата куќа се бранеше.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ортома: меѓу орлица и орница шарена змија, стебло со рани и засеци.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
4.4 Не, јас не плачам во мојата келија, Јас самувам во жарот од семето, Во одроните од време, Во острите засеци на светлината, Во Јас-твото Што ме именува со Смрт.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Нагоре одеше ридот, со модро-белузлавите облини и темни засеци.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Само Орде беше сведок на генералната репетиција за тоа калемење, зашто таа се вршеше меѓу четири ѕида, во сопчето, каде што на масата лежеше книга отворена токму на онаа страница што го илустрира калемењето на засек.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги гледаше ли засеците? Ѝ затреперуваше ли срцето кога ќе ги видеше?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се прошарале рудините на Заилски Алатау, блескоти нестопениот снег во засеците, како потквасено млеко.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да знаете само колкумина ќе го носеа тој венец со задоволство!“ реков по малку вознемирен од острите засеци во моите размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Засекот што му ја претставуваше устата туку се отвораше и затвораше и сигурно тогаш ги пребројуваше купчињата или сламариците или огновите што везден тлееја, и пред да го пуштеа прстите од решетката ќе слушнеа како прашува Борис Биџов, тука ли е? Тука е! му велеа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- По неа ќе можеме внимателно и умно до оној засек на карпава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Грубата дрвена масичка со лузни од разни засеци со белата прекривка како да ја зголеми светлината, а секојдневните шејови за готвење, јадење и пиење онака чисти и наредени секој на своето место, го зголемуваа пријатното чувство при влегувањето во одајчето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)