зборник (м.)
Во досегашната историска литература: монографии, зборници на документи, архивски публикации, мемоарска литература и во разни прилози во весници и списанија, објавени во Македонија можат да се најдат скудни податоци за ова прашање и тоа пред сѐ врз база на постојната литература и скудната архивска документација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Досега објавувала текстови на електронскиот конкурс за литература, Електролит, во списанијата Маргина и Книжевно житие, а нејзините раскази се објавени и во збирката Зборник на поезија и кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Во прилог за инаетот ја наведе поговорката од зборникот на Вук Караџиќ: Плати, па се инати!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Затоа јазикот што Чинго го изнаоѓа меѓу луѓето за кои говори не е оној фолклорен јазик што ќе го најдеме во старите зборници на народни приказни.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа, се разбира, не може да се провери на страниците на „Цариградски весник“ каде што Никола Поцо имал свои пријатели и каде што, по линија на таканареченото доброчинителство, можел да има поддршка, туку во еден друг документ објавен во зборникот „Документи за историјата на трговијата на Европска Турција“ од страна на грчкиот конзул во Трст во тоа време по име Адонис Гленди.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Изворите може да бидат книги (или делови од книги), статии во списанија и во зборници.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Статија во зборник Библиографската единица ги содржи следниве податоци: Име и презиме на авторот (авторите).
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Статија во зборник од конференција Библиографската единица ги содржи следниве податоци: Име и презиме на авторот (авторите).
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)