здобие св.

здобие (св.)

Поради некои според мене сѐ уште нерасветлени околности Вртанов беше оценил дека токму во мојата личност може да се види идниот шеф на одделението па затоа настојуваше навреме да се здобие со толку посакуваниот статус на доверлив соработник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Впрочем некој ако држи в рака покана, тогаш тој се здобил со правата што во неа се пропишани.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зошто да не се здобие и таа со она што јас веќе го имав?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби и затоа тој толку жестоко ќе им се спротивстави на европските лингвисти кои ја поддржуваа тезата за создавање меѓународни јазици, кои би ги замениле со јазиците на малите народи по број во Европа, посебно балканските кои се здобиле со слобода по долгата зависност?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Служењето војска во животот на Едо Бранов ќе беше безначајна и заборавена епизода ако тој таму не се здобиеше со една рана и со еден мелем.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Големиот парадокс во татковиот живот кој подоцна го следеше и неговото семејство, беше во тоа што секогаш кога помислуваше дека се здобил со нова дефинитивна татковина, неа како во правило ја губеше, обземен од митот на враќањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, бидејќи изгубил надеж дека со личен труд ќе се здобие со наследник, можеби ѝ дал некаков знак на жена си да се потруди да му помогне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи целата вселена ја сфаќаше како применета логика на „светскиот разум“, тој затоа и ѝ даде на оваа логика најголемо значење, ја издигна на степен на највисока наука, го виде во неа здобиеното целокупно знаење.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Едноставно речено: на вистината не смееме да и ги затвораме очите; јас сметам дека секоја приказна што се случила и веќе живурка треба да се здобие и со нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да не се покажуваат чувствата на лицето беше навика здобиена по инстинкт, а и без тоа тие стоеја токму пред еден телекран кога се случи инцидентот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги продадоа имотите крај Езерото, се здобија со нови во Цариград, убаво се пробија кон врвовите на цариградската хиерархија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Е Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во некои случаи можеби би била доволна некоја контекстуална студија на стиловите на дизајните и на нивната историја за да се расчисти мистеријата на нашите инстинктивни реакции кон поединечни предмети така што ќе се укаже на културните традиции на кои алудираат тие предмети, на родословието на претставувањата од кои потекнуваат и на мрежата од асоцијации на кои се надоврзуваат за да ги создадат своите значења и за да се здобијат со конкретните општествени значења што ги изразуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својата опиеност да го привлечам вниманието на Баждара и да ја здобијам неговата доверба, не внимавав кај газам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Токму стилот на пристојност од педесетите се здоби со форма на глобален граѓански стил, кој ќе се задржи сѐ до денес, кога е карактеристичен за динамичните јапии, успешните млади деловни луѓе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Камилски уште во раните години на животот се здоби со солидна музичка наобразба, се надеваше еден ден ќе стане познат пијанист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се држевме за малите прсти додека се опивавме од виното од кристалните чаши, последниот за заеднички подарок на нејзините разведени родители, додека ги разурнуваме, анализиравме и повторно, со итра победничка насмевка, ги градевме нашите вродени и здобиени емотивни комплекси додека гледавме како ѕвездата на новиот филм ја шмукува мекоста на остригата, додека ги одморавме телата, а во очите, низ единствениот прозорец на студиото, неосетно ни заспиваше жолтата градска есен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со својата кадиска диплома со која се здоби во Цариград во времето кога се разминуваа Отоманската империјата и новата Република Турција, во обете вклучен неговиот вујко Фетхи Беј Окјар, беше судија во монархистичка Албанија во времето на кралот Зогу, па адвокат и на крајот социјалистички судија во првите денови на комунизмот во Македонија, дел од Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе