изгрева несв.

изгрева (несв.)

И тоа нѐ прави неизмерно радосни. Мислиш од тебе изгрева сонцето и скока од радост дека влегло во нивите наши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во далечината се гласеше и петелскиот пев. Сонцето сигурно изгреваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А мене од кај него ми изгрева сонцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти изгреваш на далеку — да ли еднаш ќе изгрееш силно, силно, дури милно над долови и над гори над полиња и над реки над мојата татковина?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Во него сигурно изгреваше нова мисла.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Утредента, по едно изгревање и заодување на крвавата месечина со ископани очи и пукната муцка од слеп судир со планинска цуцулка, се видело: меѓу дрвја и камења биле расфрлени неколку стотици крвави птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еве го твојот поглед со кој сонцето им се обраќа на плодовите Две брези имаш и некоја црна месечина меѓу нив изгрева Си ги прибрала сите светулки во твоите ливади да пасат Црна сенка минува преку твоето срце...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
12. Да пукнам одамна не сум имала толку долг отпочин И ќе заборавев на сонцето што изгрева на исток А и тоа галиба имаше нешто со Македонците И сонцето било ѕвезда велеле Македонците Бре бре како никој да не знаел што било сонцето А за ѕвездите допрва ќе се разјаснува Дали Македонците мислеле повеќе на ѕвездата од Вергина Или на ѕвездите од европскиот бајрак
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Чанга и натаму изгреваше и заоѓаше во неговите спомени...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од песната се топи ледот, Венец - месец изгрева над брегот Паднат лебед умира на снегот. Сам.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Беше рано утро. Сонцето изгреваше. Небото изгледаше како да беше послано со светол син ќилим.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Одевме на целоноќни претстави и заминувавме на спиење штом сонцето изгреваше. 74
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Доста го кладе над глава бардакот со вода, го праша Илка откаде изгрева сонцето, се прекрсти и легна на постелата крај стопанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Свеќата гореше цела ноќ (кога ќе догореше една, запалуваше нова), сѐ до изгревањето на сонцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ете, наспроти сите божји нешта, Сега луѓето застанати на прозорец гледаат и се крстат: Точно во таа доба и од страна зад која исчезна таа Квечерина, заедно со ѕвездите - изгрева и сонцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сонцето што изгрева а не заоѓа ѕвезда што не гасне птица што не секнува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Љубовта бара зрелост, доблесност, еднаквост, блискост, несебичност, лојалност, добронамерност, љубов која изгрева од самото битие како интензивен копнеж кој води кон просветлување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека сонцето изгреваше ќе го потчукнеше со тупаницата одстрана камионот, а возачот, смешкајќи се му возвраќаше со едно „здраво“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе