изложен прид.

изложен (прид.)

Може да се допре со прсти и она што не постои, иако место злато, изложено на завитканите во кадифе витрини, зјае голиот асфалт.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На христијаните во Турција, под закана од казна со смрт, забрането им е да носат оружје, но, зашто се постојано изложени на грабежи и убиства од страна на муслманите, сите тие носат оружје.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Младите умови изложени на слободното ширење на електронските информации одеднаш расцветуваат како цветови во пролет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Супермаркетите, плацевите за половни коли, крчмите што имаа правоаголни прозорци од стакло и тули, блескаво новите автомобили, што беа изложени и можеа да се видат низ прозорците од дебело стакло, продавниците за електрични апарати, продавниците за мебел, цвеќарниците, козметичко-фризерските салони, целиот нов трговски центар, кој брзо се изгради, едновремено со геометрискиот станбен дел од градот на рамниот терен, сите наизменично се менуваа и не му разбудија ни најмала емоција и тој не можеше да ги препознае.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа разбрав дека тоа била италијанска ескадрила, којашто добила наредба да им дојде напомош на христијаните што беа изложени на колеж.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но за потребите на дворот и високите достоинственици ќе се увезува оригиналниот кинески порцелан, којшто денес може да се види изложен во просториите на некогашната царска кујна на дворецот Топкапи сарај во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ би се одвивало добро во овие идилични рамки ако езерото, откако поминало толку милениуми без пречки, не се најдеше изложено на бурите на историјата на XX век.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Срцето силно му зачука од возбуда кога до кепенокот на дуќанот за петлици го виде изложеното цвеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Благодарение на животната тајна што сум ја открил, јас сум успеал да се спасам од она на што е изложен светот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се разбира, изложениот случај би можеле да го посматраме од други агли.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Салата во која е изложен тој славен камен, е преполна со луѓе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Еднаш или двапати ја обавестив дека ми е познато она што се случува во дуќанот под нашата соба. Дека знам на каков терор е изложена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби беше љубоморен што во клубот сум изложена на многу машки погледи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таблите над плочките од подот беа поткренати половина метро, а тоа оставаше впечаток на отвореност која двајцата, додека молчеа со спуштени погледи пред себе, ја чувствуваа како простор изложен на провев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И така, појдовме да го видиме каменот. Салата во која е изложен тој славен камен, е преполна со луѓе.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ние имавме задача да напаѓаме само ноќе, зашто дење бевме изложени на опасност.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
-Човекот само како тело е изложен на проклетството. Со својот неразвиен дух, е рамен на животното.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За десетина дена изложбата ја посетија стотици илјади луѓе, и сите со непосреден впечаток и нескриена желба на убавите пражанки да носат некој од изложените модели...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас во моето детство бев изложен на поинаков вид опасности: можев да се исечам, да ме касне змија, да се набодам на трн, да се отрујам од некој див плод, да паднам од коњ, од дрво, да ме набоде вол и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе