инструкција ж.

инструкција (ж.)

Сигурно се работи за нова инструкција која ги укинува претходните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да ја знаеја овие кадри, овие догматски сили тајната инструкција за трансформацијата на козарите во индустриски пролетаријат, сигурно не ќе поминеше добро партискиот секретар на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Универзалната Тјурингова машина би имала потреба од многу повеќе инструкции за да успее да воспроизведе некоја низа на случајни настани отколку за да симулира периодичен процес.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не доцнеа инструкциите од републичките и федералните центри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Па тоа и за обичен војник е сфатливо и не разбирам зошто токму мене ми се упатуваат такви поучувања или инструкции... - дофрли Кикицас со тон во кој сега изразито ја искажа својата навреда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се случило еднаш, кога аналитичките служби на министерството останале без крунски аргумент за една инструкција која требало да се испрати до сите амбасади во светот, тогаш министерот решил да побараа мислење од улавиот дипломат на мансардата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако единаесеттиот ден од месецот во раните утрински часови беше спроведена рацијата во трите места каде што живееше еврејско население, според прецизниот план, лицата од еврејски происход како што службено ги именуваа, без оглед на полот, здравствената состојба и возраста, беа донесувани, и според прецизниот план и инструкции и конфинирани во големата зграда на скопскиот тутунски монопол.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Копирањето“ на основната машинска инструкција во процесорот се состои во суптилно реорганизирање на неговите електронски кола што доведува до промена на состојбата во која се наоѓа машината така да го одразува значењето на инструкцијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ќе ѝ ги пишеш волшебните зборови за успех во работата, за бериќет и љубов, а можеш и лента да ѝ снимиш (аудио), да те слуша по стопати дневно и да ги направи сите работи по ред, како по инструкциите што си ѝ ги издиктирала со радиофоничен глас.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Градските раководители, навикнати секогаш да работат по директивите на повисокото раководство, колку и да сакаа да бидат самоиницијативни немаа конкретни иструкции како да постапат со козарите и со нивните кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој сфати дека машината ги чекаше инструкциите за видот на цигарите што се бараа и го притисна копчето што се наоѓаше пред назнаката за видот на цигарите што сакаше да ги добие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зборува смирено, напати со доверлив глас, излезен од линијата на инструкциите. Јас и натаму упорно молчам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во неговите неми инструкции имаше некој толку силен авторитет што дојденецот воопшто не се замисли, туку по некој послушен автоматизам, со тешки и спори движења почна да го симнува ременот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Војничето виде дека Мајка влегува во шемата на инструкцијата и, пред да го постави предвиденото прашање, уште еднаш погледна во паспортот па, подавајќи ѝ го на смирената Мајка, ѝ рече: – Те разбирам, те разбирам, Мајко, ама не можам да разберам зошто си ја напушташ татковината предвреме кога таму, преку границата, толку многу си страдала!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иако ова често се нарекува „читање“ или „извршување на инструкција“, таа метафора може да доведе до заблуда, бидејќи (како што Rychlack забележува) хардверот не чита и не може да не извршува, ништо повеќе отколку што може човековиот имунолошки систем.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Нови инструкции, си велам, нови реторички кругови на измачување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Деноноќно стигнуваа до центарот извештаи за однесувањето на козите, се испраќаа криптозаштитени инструкции до републичките центри, се сумираа искуства, се испраќаа препораки, директиви, се сугерираше планот за последниот јуриш против „белата контрареволуција”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Властите останаа без инструкции, без иницијатива.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најпосле Англичанецот доби инструкции од својата влада да не инсистира на измени на Протоколот од 1913 година за да не се создадат други гранични проблеми меѓу двете држави во други реони за кои постои заинтересираност меѓу двете страни, а со тоа уште повеќе да се усложни и влоши ситуацијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Соочен во моите дипломатски години со палестинското прашање, во еден значен период од неговото постоење, кога се одвиваа крвавите чекори на судирот, кога се најдов во Тунис, непосредно по бомбардирањето на позициите на Арафат, потпирајќи се врз инструкциите кои ги добивав од Централата во Белград, како застапник на земјата при ПЛО, подоцна и како амбасадор во државата Палестина, по прогласот на Арафат во 1988 година, напишан од Махмуд Дарвиш, размислувајќи и чувствувајќи ја драмата во Картагина, јас често барав одговори во татковата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите, во која имаше едно незавршено поглавје - за историјата-лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе