испегла св.

испегла (св.)

Мајка уште од вечер ни ги испегла новите алишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нејсе, младиот човек ми помагаше да ги одвртам стутканите панталони и да ги закачам на закачалки, да ги наредам по гардероберите, да ги испрскам со топла вода и да чекам до 9 часот да се испеглаат сами од себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И имав потреба да сторам за него нешто што би му било пријатно, јадењето да е вкусно, облеката да му биде испрана и испеглана, креветот да му биде чист и удобен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Климент Камилски ја замоли собарката да му го испегла сивкавосиниот костум и за прв пат ја стави својата светлосина вратоврска купена при претходниот престој во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ме смири глетката: белите штиркани чаршафи, беспрекорно испеглани околу рачно изработената бордура, ја истакнуваа убавината на старинскиот кревет, чии украси од месинг сега сјаеа како позлатени сијалици.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
СТЕВО: Смее ли жената да ми ги испегла црните панталони?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мамо, испеглај ми ги црните панталони.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Повелете – му ја отвори предната врата на крупниот човек во сив, педантно испеглан костум. - Фала много.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Влезе командирот, испеглан, чизмосан и опашан со неколку ремени и ни вели: - Знаете ли вие, дека таму во Егејот нашиот народ крв проплука од тие клети Грци и крв лее, а вие седите тука, особено ти, ми вели мене, седиш, читаш „Нова Македонија“ и „Титов пионер“ и сеир си правиш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Денес, тој е средовечен човек, уредно облечен, испеглан, намирисан, понекогаш ми се жали на несоница, особено кога пишува книга чија содржина го вознемирува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А беше педантен и чист секогаш, во бела кошула испеглана и панталони со раб „жилет“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Раното ги испегла и чист самозадоволно тргна кон училиштето.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Рипна весело, набрзина си ги испегла своите замрсени пердувки и полета во студената зимска вечер.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)