исправен прид.
исправи св.

исправен (прид.)

Некои велеа дека живее во мало куќиче на крајот на градот, сето обраснато и обвиткано со бршлен и анамска рака, покрај која минувала браздата што доаѓа од стерната на Аузо (така го викаа изворот што се наоѓаше под високиот рид исправен над градот).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Постоеја пространи простории во кои се складираа исправените документи и скриените печки во кои беа уништувани оригиналните примероци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа висок старец, исправен, строен и впечатлив со својата бела брада, бели веѓи и високо чисто чело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гордо исправената статуа на шмизлата поставена пред некогашното собиралиште на скопските курви ќе дава дополнителен стимул на нашите омладинки во која насока треба да се движат, то ест дека со газ, цицка, две три пијачки и бркање спонзор може високо да котираат во општеството со изгубени вредности.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој седеше сосем исправен во својот стол, додека неговите моќни гради се издигаа и потреперуваа како да му се противставуваат на удар на бран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Да не дочекаш да ја видиш и ти пред себе онаа бездна, што ја има видено она старче, со едното покусо рамо, бригадирон Језекил, и да не се всади и во тебе страот што човекот мора да оди исправен...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секому веднаш му паѓаше в очи по неговата сина отворена боја на облеката. Одеше исправено, со спокојни чекори и гледајќи само право и далеку пред себе.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се надвиснала над мене, ко исправена змија и не ги сметнува очите од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се тресеше, корените му беа жилави и го држеа исправен и страшен, безумен од туѓиот отпор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Запреа пред шепите на исправената мечка на која, секако, не ѝ беше по волја некоја да ѝ се натрапува во територијата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Статистиката беше исто толку фантазија и во нејзината оригинална верзија и во нејзината исправена верзија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Скокнува од креветот, стои исправен во недоумица и виновно се смешка на себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отсега натаму тој ќе мора не само да мисли исправно; ќе мора и да чувствува исправно и да сонува исправно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Него го знаат мнозинството членови на Партијата, а особено сите оние кои се интелигентни исто колку што се и исправни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се чувствував дека јас исправно размислувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сѐ уште стоевме исправени и неми.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не можеше да се движи брзо, не можеше да го држи столот со исправена рака, не можеше да застане на една нога без да падне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе