карикатурален (прид.)
Падавичарот Кољо беше карикатурален лик кој сакаше да остави силен впечаток во јавноста по својата елоквентност и начитаност, но неговата беспрекорно јадна харизма сериозно му го нарушуваше планот за некој посериозен успех.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Црниот хумор не отсуствува. Овде имаме една немилосрдна и карикатурална радиографија на функционирањето на власта на еден кошмарен систем.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На хуморот на сопствена сметка, кој на раскажувачите им дава карикатурална нота?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тој не би требало да стане карикатурален израз или тежиште на нападите за “политичка коректност “.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)