касетофон м.

касетофон (м.)

Во собата владееше тишина, а тие четворицата си подаваа некаква цигара еден на друг и скоро и да не разговараа, но затоа тивка музика допираше од касетофонот кој што во темницата не можев ни да го видам точно каде е сместен.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Од касетофонот допира руска естрадна музика.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Касетофонот те ослободува од страницата. Те ослободува од бирото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Излегував вооружана со касетофончето, да ја ловам, ранам и запленам приказната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кртот веднаш го исклучува касетофонот. Оди на своето место.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Додека од касетофонот се извива опивниот звук на гитарата на Рај Кудер од Вандерсовиот „Париз - Тексас“ ги поврзувам овие две белешки, запишани попладнево, во делови од една иста приказна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го мести својот касетофон.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Постојана шега помеѓу мене и Бригид беше да се јавиме еден на друг и да си кажеме: „Здраво, почекај момент“, и тогаш ги вклучувавме касетофоните и трачаревме по неколку часа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не знам што толку мерак му има удрено баш на мојот касетофон, кога си има свој, ама кога е во прашање уцена, постојано го добива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се враќаме во „Дијаната“ Пријателот уфрла касета во касетофонот. Џон Ленон и Јоко Оно...
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)