квасец (м.)
Одвај пркната и заодена, секогаш се врткаше околу мајка Фимка и од неа научи од вечера да зафати леб - во земнено черепче подновуваше квасец, а утредента, во рано утро замесуваше во ношвите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Потем го замесуваше другиот дел од брашното, со јајца и со малку путер, без квасец, во форма на мала погача која, по печењето, добиваше жолтеникава боја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Зошто понекогаш езерото се проѕева ширум
божем е бел тигар, бела мечка
се надига како квасец подготвен
за најголемиот леб на светот
(ти викаш светот не е само она кое се гледа
од оваа страна на видиковата линија
и сѐ повеќе ти верувам!)?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Врвни претставници на власта и партијата беа добро запознати со пристигањето на новите жители на градот, квасецот на работничката класа, класните браќа селани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Брашно, квасец, вода, во ванглата стави, со рацете вешто, зелникот го прави.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сѐ повеќе и повеќе, во меката сина здолница и во блузата со боја на пченка, се чинеше како нејзиното тело да набрекнува од таа новоформираа сладост, како да се разлева низ нејзините клетки, онака како што свежиот квасец го набрекнува тестото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Трагаа по некаков квасец на обединувачкиот дух што се наоѓа во книгите...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)