колоритен (прид.)
Треба да најдеме време да го обоиме сонот и животот, не црно бел, туку со сите колоритни бои и нијанси, Да си направиме свое интимно светилиште и да не дозволиме да ни биде украден сонот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Нивните предци развиле самосвојни култури, колоритни јазици, хармонични погледи за односите помеѓу човекот и човекот и човекот и природата чии остатоци се жива критика на тенденциите за одвојување, анализа, само-центричност инхерентна на западната мисла”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Да ни раснеш здрава колоритна, среде сите прва и најбитна, на френдови - лидерка убава, на скотови - ноќна мора права!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)