кондиса (св.)
Ете, затоа и нашите пазарџии кондисаа вечерва кај Селчаните на ан, а утре на раат ќе пазарат, за во сабота да си одат позарана дома, оти во недела треба да се раздадат даровите на роднините.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мулазимот Рифат — ефендија кондиса со педесет души аскер во Брник и немаше ден да не се печеа два три брави, десетици кокошки, стотици јајца, котли со алви, за да се избегнат зулумите од овој катил забит.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само тој со три илјади души кондиса во Маково, давајќи си ги своите наредби на потчинетите бимбашии, јузбашии, чауши, башчауши и други воени лица.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Со тие мисли Силјан си летна од Плетварско и си одлетал во село Коњари, та си кондисал на седелото од Аџијата.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Долу, кај Црна, се осамна и Митра веќе заборави оти живееше толку време во Мариово. Co лав, со муабет, со смеа и шака вечерта пристигнаа во Прилеп и кондисаа кај Биковите на ан.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа во Градешница Толе кондиса кај убавата Неда Романова, со која проведе два три месеци, па како да се присети на својот случај со црното Кате пред дваесет години кога му го наметна Адем, и тој намисли да ги смести своите Катиња, Нешиња, Мариња, та еден ден ја викна Ѓурѓа Ватралкова, мајка на убавото момче Митрета Ватралков и ѝ нареди да ја земе Неда „негова“ за сина си Митрета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги домами војските до Становица над Жиово, скршна на југ, небарем се враќа назад кон Градешница и преку Врпско ја прејде Црна и кондиса во Гудјаково, мислејќи дека ќе се поодмори дури да го побара бимбашијата на оваа страна од реката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кокошки, јагниња, прасиња, алви за ручек и вечера, зоб за коњот, сѐ се носеше по конаците каде Толе кондисуваше в село, секогаш: тој, Мише Ќосото и белиот коњ во една куќа, а другите седум другари во друга.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вол, коњ, маска, магаре, овца, коза, што имаше добиток со четири нозе, та дури и кокошките ги собираа и ги тераа во дворот на Биринџиевци, каде што Мефаил кондисуваше секоја година и седеше по недела две, насладувајќи се од убавините на трите ќерки и двете снаи на чорбаџи Стојка Биринџиевски.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)