конзервација (ж.)
Изненадени
пред влезот на Стоби:
Порта Хераклеа
Западни гробишта
подземните животни вознемирени
птиците бегаат
злокобна фуга
Градскиот саат објавува
идна реставрација
конзервација
културно богатство
сувенири
Прашање:
Зошто статуите се тажни и ранети
а улиците и базиликите празни и пусти
како мене?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)