конфузија (ж.)
Мозокот му беше во вистинска конфузија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сите тие прашања, создаваат конфузија во нашите глави. што ако не воскреснал и бил само обичен смртник.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Конфузија во зениците на болните поради очајното барање на крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Поради драстичниот пораст на изјавени сексуалности со друга природа, се случува паралелно со појавата на поимот метросексуалец, па настанува конфузија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сето тоа е само смислена игра за создавање конфузија на умот за да се заборави најбитното. Квалитетот на сопствениот живот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Конфузијата на границите ја зголемуваше и постоењето на многубројни меѓународни и домашни асоцијации, партии, верски здруженија, кои брзо се формираа уште побрзо се расформираа.
„Граница“
од Луан Старова
Нашето хоризонтално лудило, она на генетската конфузија, на измешаните прописи и мрежи, на биолошките и молекуларните аномалии, она на автизмот - спротивно на некогашното „вертикално“ лудило, психичко лудило, трансцедентално лудило на шизофреничарот, она на отуѓеноста, на немилосрдната проѕирност на алтеритетот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На зборовите „мојот пријател“ во главата на Ивона се создаде вистинска конфузија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сфаќање на различноста и едноставноста, на конфузија на мислите, необјасниво обично. А сепак, така логично.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Каква конфузија. Не би било добро - похотно шарајќи со погледот изговори тој.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Според генералот Хенри Вилсон НОВ и ПО на Југославија со своите активности можеле многу да помогнат „во комплетирањето на хаосот и конфузијата во која непријателските сили запаѓаат со нивните континуирани напади“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Делумно тоа се должело на вистинската конфузија во однос на тоа какво ќе биде решението на македонското прашање и во поглед на готовноста за утврдување на вистинскиот ентитет на населението во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Лобирањето од претставниците на Бугарија, Грција и Србија предизвикало конфузија кај американската мировна делегација во однос на вистинската димензија на проблемот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Оваа јазична конфузија ќе предизвика во текот на два милениуми потрага по единствен и совршен јазик за да се отстрани вавилонското проклетство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Под од плочки, висечки таван и слична “униформност” придонесуваа за конфузија на пациентот во воспоставувањето однос кон просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)