концерт (м.)
Оркестарските концерти биле релативно ретки, а вокалните рецитали речиси непознати.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во град како Виена постојано се изведувала нова музика, понекогаш на јавни концерти, но најчесто на општествени собири.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
На февруарскиот концерт на програмата била Осмата симфонија, но во секој случај централно дело била
„Битката“.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Многу од овие последниве биле префинети изведувачи, кои редовно учествувале во концертите на нивните сопствени оркестри.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
И ние мора да вложиме напор, малку повеќе од само купување влезница за концерт.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Овој концерт ѝ го посветува на една особа од овој град што ја сретна пред две години во Париз и никако не ја заборави.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Една вечер враќајќи се со автомобил од некој концерт, мојот пријател Норман и јас останавме опсипени од сликата која изнурка од некој мрачен подвозник и удри во автомобилското стакло налик на ненадеен кошмар.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Делото било завршено на денот пред одржувањето на концертот, препишувачите ги чекале своите штимови во друга просторија.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Присутните во свечени тоалети, огромните кристални лустери, спојот на раскошот и носталгијата ѝ заличува на телевизиските преноси на Новогодишниот концерт во Виена.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Концертот се одржал во рок од дванаесет часа од првичната идеја, бидејќи многу значајни гости, чие присуство било потребно за да се обезбеди добра посетеност, биле со намера наскоро да го напуштат градот.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Жабите се подготвуваат за голем пролетен концерт...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Значи, концерти на личности и музичари и се препознаваат по деталите на облеката.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Одговорот е: овие изведби се одржувале секој ден, вклучително и во недела, и во сите часови од денот, па некои концерти се одржувале уште во шест часот наутро.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Концертите за пошироката јавност не биле вообичаени, оркестрите биле потребни за оперски изведби во приватни домови, кои биле приредувани импресивно, како и за државни балови и други настани.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
За сите тие покани што ги добивав за концерти имав менаџер кој ги уговараше термините, некогаш ме консултираше а некогаш и сам го правеше тоа, знаеше дека така ќе ми одговара.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Присуствував на утринскиот концерт за едно молчеливо живо пајче, еден бел нем брод и оркестарот на притаени души.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој сега бил баран секаде, неговата музика била нужно дел од програмата на секој концерт или важен настан во градот.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Концертот морал да се повтори во јануари и во февруари потоа, бидејќи патриотизмот сѐ уште бил владејачка идеја кај населението.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Моцарт, на четиринаесетгодишна возраст, во Мантова, на неговата втора турнеја во Италија, импровизирал соната и фуга на јавен концерт, освојувајќи ги воодушените Италијанци, а таквите изведби тој често ги повторувал подоцна.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)