котва (ж.)
Се слушна тропање на клучеви закачени на приврзок како котва од галија и вратата се отвори.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во такви моменти мажите ги губат своите котви.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се споија небото и земјата во силен тресок, котвата беше крената, каравелата користејќи го здивот на воздишките со полни едра исплови кон широкото море на надежта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ако местото е Сплит, тогаш во комбинација одеше котва или ако со вас служел војска некој поталентиран цртач - лошо насликана сирена.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Во дното на „Вацлавските намјести“ имаше изложба во убавата сала „Хибернија“ токму спроти најголемата стоковна куќа „Котва“ и спрема репрезентативниот ресторан од времето на „Златна Прага“ - „Париз“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Знаеше дека ќе ја однесе во некој мирен залив со фрлена котва за навек.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)