коњоводец (м.)
Напред, детуле, рекол на својот јазик: водата во која јавачот или коњоводецот ќе ја види месечината, онаа вечна и двојна во исто време, на коњот ќе му даде крепкост и змејска сила. Така зборувал.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ама, како што велеше татко ми – секогаш бевме, вели коњоводци и на офицерите им ги перевме посраните гаќи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Каква беше годината (1913), таква и единицата: Тринаесетти моравски полк. Од прв ден коњ му дадоа: коњоводец.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)