купувач м.
купувачка ж.

купувач (м.)

Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Наметнување на рекламирањето и брендирањето врз јавниот простор Консумеризмот, индустријата и профитот сѐ повеќе ги преобликуваат јавните простори, согласно барањата на симболичката економија чија цел е да се привлечат купувачи и инвеститори.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја гледал, ја меркал откришум кога врвела низ селото, одел зад неа, одел отстрана, го гледал секој дел на нејзиното тело, ја вагал со очите како купувач кога купува добиче и се двоумел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Беше крајот на декември: супер маркетот вриеше од купувачи, кои како во полусон се движеа меѓу гондолите, со извежбани движења посегнувајќи по предметите и ревносно полнејќи ги количките.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја тераме така, ама и времето баеги се затера, а купувачите ги нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Она што е чудно е тоа што истиот овој човек се наоѓа и пред и зад тезгата. Час е продавач, час купувач.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа беа дуќани што нудеа многу, кои ги мамеа купувачите со одблесокот на златните предмети преку стаклените окна: блесокот на златото, пак, се одбиваше од сјајот на нивните очи, така што тие често влегуваа да купат по некое парче од Еразмовото злато.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во една од мајските вчери, во една од оние кои се без дожд а со убаво ѕвездено небо, во оние вечерни часови кога се испразнуваат и тесните улички од под „Монмартр“, кои преку ден се полни со купувачи што одат во најевтиниот трговски дуќан на „Драјфус“, во една ваква тивка вечер се најдов во подножјето на „Монмартр“, пред оие триста скалила што ги врзуваат со прочуената црква „Сакр Кер“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
АТПАЗАР и овој петок вриеше од народ и стока. Покрај продавачите и купувачите пазариштето уште од рано утро се исполни со луѓе што немаа никаква врска ни со купување, ни со продавање.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од овде зедов некои сувенири и така, во мешаницата со купувачите и продавачите, ми мина времето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сто аспри за најдобар вол, педесет – за крава, триесет за магаре бараа стопаните, но ни толку немаше кој да даде, бидејќи имаше многу повеќе продавачи отколку купувачи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На овие улици можат да се минат многу пријатни часови во разгледувањето на литературата во книжарниците, кои се отворени цела ноќ и секогаш се опседанти со купувачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа е трајна деловна соработка, односно континуирано трговско сродство помеѓу продавачот т.е. давателот на франшизата (франшизерот) и купувачот т.е. примателот / носителот на франшизата (франшизистот) – кадешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарните техники на продавачот на франшизата се достапни за користење на купувачот на франшизата, во замена за определен процент од остварената продажба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претпразничната расположба, инаку, ги конфронтира луѓето во два табора: на критичари - купувачи и критикувани - продавачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А тие двајца во неа беа останати сами за да си свршат меѓу себе некоја своја работа во четири очи, како купувач и продавач, како купувач и џамбас, а тоа, наеднаш, беше всушност толку просто, така што дури и тој сега ја сфаќаше сосема добро упорноста на мршарот под себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, во овие велесаемски дни Лајпциг не го привлекуваше вниманието само со саемските хали и простории, со машините и техниката, со изложбите на книги и да детски играчки, со трговијата и размената, со банкетите и честењата, со деловните контакти и сувенирите, со купувачите во модерните стоковни куќи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Божем секој од нас е дете на некој возрасен купувач.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе