легенда ж.
легендарен прид.

легенда (ж.)

Развевај црвено знаме и легенди борбени плети, веј се над нашите глави, слободата нека ни свети.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
НАШЕТО ЗНАМЕ Развевај црвено знаме и легенди борбени плети, веј се над нашите глави - слободата нека ни свети.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Немаше маало кое не продолжуваше да живее во меморијата на луѓето со своите легенди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се плашевме додека чунот се доближуваше до границата во езерото да не се обвистини легендата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Голем е гревот на мојот мрачен обид да ги сквернавам нашите легенди.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Легендава палата ја носиш ти – кралот на ветриштата, нели?“ „Да, но побрзај, реков!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Блажена насмевка игра на занесеното лице на Цви чија религиозна медитација ги доживува своите кулминации низ доловувањето на легендата за маслото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нивоата на искуствата можат, исто така, да проникнат во симболичниот свет на митовите и легендите, архетиповите, божествата и бајките.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нашите легенди говорат за летачки килими со кои можат да управуваат само луѓето што умеат да летаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Легендата му го отстапува местото на митот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Легендата продолжувала дека немало книга од Исток што не можела да се најде во оваа книжарница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Дарвиш ја продолжи мислата: - Но нашите легенди не можеа да постојат вон реалноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога заврши со цртањето во легендата на картата запиша: Римска Империја.
„Граница“ од Луан Старова
Се сети на легендата според која еден штрк не одлетал со јатото, останал да го храни и да го одржува во живот својот татко кој не можел да одлета поради староста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нешто од легендите не си разбрал, нешто грешно си прочитал.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Авторот со ова дело ја збогатува варијантата на балканската легенда за жртвувањето, овој пат сведочејќи за жртвуваните кози во утробата на планината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Писателот во овој роман за македонската легенда, го проследува детството и младоста, школувањето и вклучувањето во организираната борба на македонскиот народ за изборување на сопствените национални и социјални права и слободи, за создавање на своја сопствена држава, сѐ до трагичната погибија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе