ломи несв.

ломи (несв.)

Во нејзините очи набликнуваше влага и таму се ломеше малаксаниот сјај на месечината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се ломиме и ломотиме. Едни се враќаат назад, други се фатиле за гуша, не можеш прстите да им ги отвориш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немирна е и се ломи, ужас ја фаќа од самотијата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се напрегам да им ги видам лицата на луѓето кои се како под превез, нивните судбини се ломат под фатот од моите прсти како иструлени парчиња од гранка на дрво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сите тие селани вечерта добро го разбираа зборувањето на неговиот Брат, тоа ги тераше да се ломат во себе, но, како за несреќа, таа вечер ниеден не се призапиша во задругата; се разотидоа пак молчејќи по сокаците, а Змејко го зеде својот Брат кај себе, го одведе дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зашто, колку да бев сега принуден, под силата на околностите, да го ломам првичниот ритам на своето одење, тој сепак понекогаш потсвесно ќе ми се наложеше, и тогаш мојот десен чевел очајнички ќе закркореше како неук пливач што голтнал во реката матна вода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Незгодата е овде што критичката мисла засега едно дете, изведено не по свое барање да го ценат, а како што му се чини на уметникот, кој е сега готов да мине во друга крајност, некако силум привлечено во вителот на оние суетни работи околу кои се ломат амбициите на големите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така стана и со мене, а кривицата за тоа ја носам само јас, зашто цел месец од ден на ден се ломев дали да се пријавам за тие чевли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој го пригрна разбирањето, сѐ уште недоволно образложено а уште помалку општо признато, дека шахот е уметност, и дека да му служиш, значи да ги доживуваш сите оние наслади, но и ломења, што ги носи со себе службата на возбудениот дух.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој и инаку ќе требаше многу да се ломи за да му се открие на овој човек со долго косиште - надворешност што не влева многу верба, - зашто тој, кога се подготвува на вакви постапки, има да мисли не само за себе, ами и за она девојче што го сака, и кое е должен да го чува од лош потсмев.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)