магационер (ж.)
Оној ги насобра околу себе сите свои братучеди и ги направи бригадири, секретари, книговодители, магационери и членови на комитетот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како ревносен магационер правеше попис на неговите расположенија, нијансите во неговиот глас кои без грешка откриваа дали зборува со маж или со жена, кога некого одбегнува, дали и колку лаже или само крие.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Според систематизацијата на работните 174 места, тој работеше на работното место магационер.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Населбата се испразни. Остана само Челебијата со Нешка на конакот, гавазите пред неговата врата, крчмарите пред крчмата и писарите со магационерот во една одделна камена зграда.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)