малверзација (ж.)
Интелигенцијата има, според еднодушната согласност, општествена задача да ја критикува основаноста на институциите не нанесувајќи им штета, да ја преземе на себе улогата (за да спречи некој тоа да го земе за сериозно) на бранител на јавноста од малверзации; таа е барон шарлатан.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Слушам заминала у манастир поради финансиски малверзации - изјави Шољич.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На работа едвај беа повратени околу 50 „среќници“ кои секој месец склучуваа договори за вработување на определено време и кои добиваа фиксна плата од 12.000 МКД, иако работеа секоја сабота како да е нормален работен ден, без тоа да биде некаде евидентирано – при што се правеа класични малверзации со картиците за електронска евиденција;5 работеа сменска и ноќна работа строго стоејќи на нозе (за приседнување 252 или потпирање се добиваше казна – 20% од месечната плата), во незатоплена и неклиматизирана фабричка хала.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)