маршира несв.

маршира (несв.)

Изгледаше дека не постои час од денот кога таа не маршира помеѓу коритото и жицата за сушење алишта, наизменично полнејќи ја устата со штипки и пеејќи од срце страсни песни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Марширањето со војнички цокули не престана до првите сончеви зраци. Сигурно се марширало на смени.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Реков дека војската нема никаква врска со патриотизмот; се повикав на Ајнштајн, кој има речено дека човек кој може да маршира на воена музика, во строј, очигледно добил голем мозок по грешка, и дека за тоа му е сосема доволен малиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Маршираше со униформата на шпански борец, со стари учесници во Октомвриската револуција, прославени команданти на пролетерски бригади во антифашистичката борба, со медали на градите, заедно во колоната со генерали во свечени униформи, со амбасадори во свечени одежди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Марширавме само ноќе, зашто денот беше на авионите. Нѐ дебнеа од небо и нѐ закопуваа в земја. Ноќта беше наша...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И за сето време, за да не се посомнева некој случајно во стварноста на која се однесуваа опширните Голдштајнови празни фрази, зад неговата глава на телекранот маршираа бескрајни колони на Евразиската армија - колона по колона цврсти мажи со безизразни азијатски лица, кои испливуваа на површината од екранот и исчезнуваа, за да бидат заменети од други, сосем слични.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потем рече: „Слушај како се пее“ и почна одвратно да рика некаква инаку нежна, љубовна песна, почна да се удира по влакнестите гради (носеше и огромен, крупен златен синџир, околу вратот, со крст, оти тогаш беше модерно да се декларираш како Христијанин), така што сите мораа да прифатат, оти за нас тој беше власт, а кога власта пее, ти и ќе пееш и ќе играш. И ќе маршираш на љубовна песна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Постојано на главата го носеше дупнатиот шлем од Темелко што го донесе од Солунскиот фронт и маршираше по сокаците удирајќи со нозете колку што може и поздравувајќи го секого што ќе поминеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го акнав по глуждот оној што одеше пред мене, а тој ми се сврте и, држејќи се за удреното место, плачливо праша: - Копиле, зар не знаеш да маршираш, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Долу во дворот жената со црвени раце и понатаму маршираше горе долу меѓу коритото и жицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Командуваше и маршираа: архитектот Божинов на чело на колоната а нејзиниот Томислав по него, последен во јуначкиот строј.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Идеалот поставен од Партијата беше нешто огромно, страшно и блескаво - свет од челик и бетон, свет на монструозни машини и на застрашувачки оружја - нација на воини и фанатици, кои маршираат напред во совршено единство, сите мислејќи исти мисли и извикувајќи исти слогани, постојано работејќи, борејќи се, триумфирајќи, извршувајќи казни - триста милиони луѓе сите со исто лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Маршира денес мојот народ – силна Мајска парада, маршира марш челичен трудов, - мојата земја млада!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
ТОДТ-мечињата радосно маршираат по променадниот такт, вдолж авенијата што води во иднината на кадифената среќа, кон која настапуваат вредно, работно и организирано.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жената неуморно маршираше горе-долу, наизменично затнувајќи си ја и одзатнувајќи устата со штипки, пеејќи и замолчувајќи и закачувајќи уште пелени, и уште, и уште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаше текст и претставуваше само една монструозно голема фигура на евразиски војник, три или четири метри висок, кој маршираше со безизразно монголско лице и со огромни чизми, со автоматска пушка вперена напред од висината на колкот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето она марширање горе-долу, оние извикувања и мавтања со знамиња, сето тоа е, всушност, скиснат секс.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите јункери маршираат во круг, после влегуваат во училниците.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Преку цел ден, во разни делови на Изложбата, Американците маршираат со својата блех-музика, довлечена дури од САД.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како што сега маршира овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе