матичар м.

матичар (м.)

Со матичарот го договорија денот и местото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Матичарот навреме беше известен за промената на местото на венчавката. Сѐ друго остана исто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
18. ГОСПОД ШТО ЌЕ СПОИ, ЧОВЕК ДА НЕ РАЗЕДИНИ ПОТЕМ - но и матичарот да се јави на закопот со власта па и со параграфи да го приклешти тој, скротен, спор меѓу мажот и жената адамоевински прастар...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Се плашиш за да не личиш на матичар? Се плашам од името вчера.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чупите одбија да одат и да ја чистат Латинската Црква, заедно со браќата и сестрите се противставија да се празнуваат Божиќ и Велигден, не даваа да се вапцаат јајца, одбиваа да се венчаваат в црква, со поп, туку одеа во Тополчани во општината и таму матичарот ги регистрираше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само Томо седеше на фотелјата која беше испразнета со заминувањето на матичарот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Внатре, седнат на столот од работната маса, седеше веќе подготвениот матичар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крајот, по неговото прогласување, матичарот ја кажа вообичаената фраза.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Свадбено патување (Американско - галичка верзија) На излезот од матичарот групна фотографија на два пријателски фудбалски тима и две-три надежни баскетџики кои скокаат за топка.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- Тврдењата ваши не важат, - им вели матичарот, - важат документите...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Спроти матичарот на друга маса седеа Виктор, Рада, Томо и Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)