маче (ср.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кога зачекорив по скалилата нагоре, го видов мачето до мојата нога, но не тргна и тоа нагоре.
        
      
    
    
    
      „Братот“
         од Димитар Башевски 
        (2007)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сфатив дека тој го пуштил мачето за да се подотвори вратата и дека ме видел пред огледалото.
        
      
    
    
    
      „Братот“
         од Димитар Башевски 
        (2007)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Детето се приближи до колибата со мачешки стапки, се заслуша во ноќта да не би да допира некаков шум и бргу да се изгуби во неа.
        
      
    
    
    
      „Бегалци“
         од Јован Бошковски 
        (1949)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
      
        
          
          
        
        
              
          Децата го гледале и си мислеле дека малото маче си игра со своето опавче, зашто многу мачиња си играат така, го гледале и слатко се смееле.
        
      
    
    
    
      „Било едно дете“
         од Глигор Поповски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
      
        
          
          
        
        
      
        
          
          
        
        
              
          Виде едно шарено маченце и си помисли: „Мачето да се претвори во кротко коњче и да ме однесе дома!“  Но мачето си остана - маче.
        
      
    
    
    
      „Билјана“
         од Глигор Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Учителката ни рече да нацртаме маче. Сакам јас да има најдобар цртеж но не знам да нацртам маче. Ќе ми нацрташ ли ти?
        
      
    
    
    
      „Било едно дете“
         од Глигор Поповски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Со кого живееш? - Со мачето... Гладна сум... И мачето е гладно...
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Бевме внатре, во неговата соба, а однадвор на прозорецот, видов како мачето гребе со малата шепа по прозорецот.
        
      
    
    
    
      „Братот“
         од Димитар Башевски 
        (2007)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
      
        
          
          
        
        
              
          Сакаше утре в училиште да има најубаво маче а мајка ѝ знаеше да црта многу убави мачиња.
        
      
    
    
    
      „Било едно дете“
         од Глигор Поповски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Замавнало маченцето со опавчето и ја соборило мувата на земјата. Потоа со ножето ја згазнало.
        
      
    
    
    
      „Било едно дете“
         од Глигор Поповски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Учителката не рече ништо. Само го зема блокчето со мачето и излезе пред одделението.
        
      
    
    
    
      „Маслинови гранчиња“
         од Глигор Поповски 
        (1999)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И Милка го стави своето блокче и го отвори листот на кој беше нацртано мачето.
        
      
    
    
    
      „Маслинови гранчиња“
         од Глигор Поповски 
        (1999)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Види шо детенце е, натемаго! Кротко како јагне, лакомо како прасе, јаде и се оближуа како маче А види пак шо убаво се учи.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сега сите му се смееле и го викале: „Малото маченце со грозното изгорено опавченце“.
        
      
    
    
    
      „Било едно дете“
         од Глигор Поповски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Имајќи намера без скокање, а само со чекање и застрашување да ја укочи мачката и да ѝ го пукне здивот - таа го укочи, го хипнотизира него со својот посилен поглед кој, заради стравот и за себе и за мачињата, доби хипнотизерска моќ.
        
      
    
    
    
      „Животраг“
         од Јован  Стрезовски 
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Малото маче - шареноглавче никако не можело да разбере зошто му е потребно опавчето.
        
      
    
    
    
      „Било едно дете“
         од Глигор Поповски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          По некое време дотрчале однадвор децата и фатиле да си играат со мачето.
        
      
    
    
    
      „Било едно дете“
         од Глигор Поповски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Хипнотизиран, ја гледаше светлата пруга во зеницата на мачешкото око: Тебе те ставаме меѓу тројцата судии.
        
      
    
    
    
      „Пловидба кон југ“
         од Александар Прокопиев 
        (1987)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кога ќе се разденеше, во снегот наоѓавме завеани зајаци и лисици, еребици и срни и разни други живинчиња. Маче до куче.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Муртењето на кучешката или мачешката муцка, со кое се нагрдуваат          за да заплашат и да ја избркаат опасноста, едвај е поинакво од другите движења што          ги прават.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 6-7“
        
        (1994)