мајор м.
мајоризација ж.

мајор (м.)

Останал само еден офицер, некој мајор, а тој ја прашал Трајана: Кај ја носите бомбата, госпожа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набрзо потоа се случи и она, претепувањто на луѓето од началството, кога мајорот Загориќ и неговите катили со ножици им ги сечеа меса од мускулите на мажите и со скршени срчи им ги гребеа писките на нозете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас си го мислам германски мајор, дека носи нивна униформа, а ваму тој ми зборува бугарски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се покажувам и јас во собата и шетам со очите: на една кожна фотелја седи русокос мајор, на бирото полковник, а онака, настрана, уште еден мајор со сипаничаво лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Офицерот, мајор бил, мераклија по жени и голем бекрија, им раскажуваше дедо на другите дедовци во селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На мајорот очигледно не му се допадна друштвото, па се замуабети со еден ќелав член на парламентот во црн костум.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На 8 ноември 1912 со 300 четници и во содејство со бугарската коњичка група на мајорот Цончев влегол во Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Набрзо потоа и црквата ја затворија, односно ја пренесоа во надлежност на попот тополечки, и него го довлечкаа оттаму, од Србија, откако тукашниот свештеник, поп Цветана го уби мајорот Загориќ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете, како дедо му... Му ја потфатил љубовницата на мајорот и потоа олеле... јајцата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И покрај машинската прецизност, операцијата имаше извесна доза на неформалност: речиси никој не носеше капа, полковници и мајори застануваа да си помуабетат со санитарците.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Оган, мајоре! Јани почувствува силен удар и пржење во левиот бут.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Истиот ден од пристигнувањето на Хрисостом, во зградата на митрополијата владиката го посетија мајорот Лит, шефот на безбедноста Беренц, префектот Кесар Марѕокис што ја претставуваше цивилната власт на островот, градоначалникот на Закинтос Лука Карер и други видни граѓани на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога излезе неговото височество „ФИЌО“, Телевизорот „Мајор 67“ и домашниот телефон покриен со плетено миленце со една игла, поставен во претсобје врз сандачето за чевли. Тука скопјаништата ги прегазија дојденците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мајорот погледна во хартијата и, откако го прочита моето име и презиме, со заповеднички глас викна: - Војнику Харилае, врати се во стројот и верно служи и на татковината!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Наредувам, мајоре, половина час со брз оган, распали од сите цевки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се обидувам да се насмеам. – Се сеќаваш ли на Боби, синот на мајорот од соседното маало, оној црниот што само по гаќи издржуваше половина час на снег? – Аха – вели, бришејќи ги очите со надланката: - Што е со него? – Се уби и тој.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Полковник Фирсов, ваш иследник, мајор Панделеев, шеф на Истражното биро за меѓународна шпионажа, и јас, мајор Јоанидис, шеф на преведувачите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гаварите по руски? — Не, велам. — Милате тин елиники 29, прашува мајорот со сипаничаво лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Им рекол Таму не ја сакаат бомбата, тие сакаат да ве убијат, а Јован Акиноски, кој во меѓувреме ја разгледал бомбата, му рекол на мајорот Може господине.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе