милина ж.

милина (ж.)

Милината на воздухот и зеленилото на лисјето го заплашуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не помина многу време и ситното лице на Пена се рашири во радосна насмевка во исто време претворајќи се и во глас полн со милина и топлина Пелагија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во истиот миг, тие почувствуваа рајска милина и блажина, небаре хор ангели да им пееја некаде од високо и ги целиваа нивните уши и души.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како сум можела, си мислам, како сум смеела да не ја сакам оваа милина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И уште не ти исчезнале од душата печатите на непријатните студени дни, а веќе по улиците и булеварите божилак од женски облеки разградени, тенки, проѕирни, шушливи - милина!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сиот се стопи и како восок се слеа. Од радост и топла милина не можеше збор од уста да испушти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама на брезничани и толку им е доволно кога ќе го чујат неговиот глас како на славеј и сите истовремено и тага и милина да ги обзема.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Татко ја слушаше со милина во душата, како што не ја слушал пред триесетина и повеќе години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Господи мил и Богородице Мајчице, каква ми е таа милина во душава - со години чемерна?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Си припомнив за баба ми, дамна упокоена, за нејзините кажувања: - Тоа, Ѕвездо моја, Дедо Боже си ги тресе перниците - сѐ од бели пердувчиња од бели гулабици... и одеднаш сетив некаква милина, па сум се втурнала во домаќинот мој, небаре во него сакам да се засолнам...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Зоби, зоби, чедо, - се топеше од милина старецот гледајќи го внукот како блажено ја полни устата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во душата му се разлеваше чудна топлина и милина.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Искрено, чувствував пркосна милина од кршењето на правилата на игра кои ветуваа брза слобода, спасена од преголеми возвишувања, страдања и жртви.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Бисера се топеше од милина, подигруваше од радост, а Крсте седеше некако малаксан и задуман.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го погледна татка ми в очи со сета милина на чувствата, на мислите, но и со сенка на загриженост, еден ден да не затреба последниот потрошен златник.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Креваше на шишето, ја пикаше главата меѓу решетките да го баци Анка, и неможејќи - само го жулкаше по раката, го милуваше; Анко му го чувствуваше треперењето на раката која сѐ повеќе стануваше потопла; татко му отпивнуваше и сѐ така со жулкање по раката, а во очите му најадруваа солзи од милина, од радост.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Хе-хе-хе-хе . . . – ситно, ситно се засмеа дедо Геро да ти е милина да го слушаш. А децата беа сериозни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
МИРА: Како Буда. Кога чекорел по улица луѓето што го гледале паѓале во транс од милина. Толку просто и величествено.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тоа е барем нешто достижно, а каква милина и каква утеха би можело да му даде!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе