мирува несв.

мирува (несв.)

Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Бидејќи фронтот овде мируваше долго време, војската имаше време да го изора ридот со ровови, како по линијата на фронтот така и во правец на отстапниците и пристапниците што обезбедуваше максимално добро функционирање на војничкиот живот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Место да мирува како другите новаци, тој сѐ некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и сѐ главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Предметот во судот мируваше сѐ додека Китан повторно не достави барање да се разгледа неговата тужба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Половина од песокта во песочниот часовник е истечена, тасовите на вагата мируваат, мирува и ѕвоното, иако во секој миг може да го удри последниот час.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вџашена од неговата тајна што бавно ми се постила в очи му се радувам на летото што мирува над просторот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Стана полесно и мирувањето и молчењето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога телото се движи или мирува, околу него како невидлива светлина го грее обвивката на неговата духовност – продолжи да зборува старецот. – Таму се наоѓаат сите негови доблести и негативности кои ја наградуваат неговата телесност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ранецот и понатаму е на рамото и мирува! Помислувам: веројатно се сетил на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина сметав: ако ги потврдам како сериозни наодите на Пачев во врска со исчезнувањето на Пеперутката ќе значи дека сум се сложил со неговиот заклучок дека случајот треба да мирува додека самиот од себеси не се разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ ќе стапне во мирување кога ќе стигнеме во тој рационално организиран, совршен свет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги оставија пушките крај себе и двајцата, со колениците собрани под брадите, мируваа загледани под веѓи кон селото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Беа тоа едни сосема бели дрвја, имаа вклапнати ветки под тежината на перниците окит; мируваа невистинити дополу скриени во овнешкото руно на небото и само понекогаш, многу ретко, тие знаеја да дадат некаков знак на живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А мачката личи на влекачите, со триаголната глава и тенките зеници, со способност долго да мирува и одненадеж, експлозивно да нападне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сѐ мора да се разбере во еден контекст кој подразбира дека му е дојден крајот на мирувањето, неподвижноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Преку нивните гради мируваа наредените фишеци во коланите, јатаганите висеа на колковите, а широките флоки и долгите пискули на фесовите се вееја на утринското ветерче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На темната пружина вечерва не мирува едно движење.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе