миса ж.
мисал м.

миса (ж.)

Менталните слики создадени од прикажувањето на овие трагедии повторно излегле на површина по многу години, сублимирани, прочистени, во симфонија и соната, во миса и опера.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Од делата на големите композитори кои ги пишувале двата жанра музика, оние кои се посветени на религиозни теми ќе се покажат многу супериорни во речиси секој случај, со исклучок на Моцарт, кај кого неговата Миса во Бе-дур и Реквиемот може да се споредуваат со која било негова опера.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Вчера вечер со појавата на првите ѕвезди заврши Шабат, а сега на претпладневното сонце се огласува камбанаријата со весели звуци означувајќи го крајот на неделната миса.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пред главниот олтар таа вечер се одржуваше мисата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стотина верници беа собрани пред гробиштата и присуствуваа на мисата за исчезнатите, за живите, во малата капела која послужи како олтар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најверојатно со ова дело имал повеќе мака отколку со која било друга негова композиција, со исклучок на Мисата во Де-дур.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Летото пристигна без посебни најави во првите недели на јуни и требаше да се преземат итни мерки, зашто за време на мисата, задушувајќи се од топлина, болните жени почнаа да ги соблекуваат своите зимски облеки од етамин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во својата петнаесетта година Бетовен свирел оргули, секое утро, за мисата во шест часот во Миноритската црква.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
„Фиделио“ дава добар пример дека оперското компонирање, ако се разгледува строго како музика, не е највисоката форма во која уметноста може да се прикаже и дека, само по себе, не е толку строго ограничено на доменот на музиката, како што е тоа случајот со симфонијата, или со различни форми сакрална музика (на пример, ораториумот или мисата).
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Секоја недела одеа на миса. Го слушаа хорот, качени на галеријата, ги впиваа проповедите и убавата енергија што владееше помеѓу верниците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бетовен верувал дека ако напише една или две опери, неговите приходи ќе се зголемат до тој степен што ќе му овозможат целосно да го насочи своето внимание на создавањето симфонии и миси, жанрови кон кои природно бил наклонет со оглед на својот темперамент.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Неделата, кога излеговме од миса, нѐ придружи густ и мрачен ветер а потоа се нафрли дожд.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако ја споредиме најдобрата опера пред времето на Вагнер со такви дела како Големата миса на Бах во ха-мол или Бетовеновата Миса во Дe-дур, лесно ќе видиме дека композиторите од тоа време својата најдобра мисла ја преточиле во сакралните композиции.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Зизмаер, ученик и интимен пријател на Моцарт, композитор на неколку од „Моцартовите миси“, компонирал музика за овој бал и Бетовен бил замолен да придонесе со нешто слично, како резултат на што тој компонирал дванаесет валцери и дванаесет менуети за таа намена.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Бах, протестант, но со силна жила на религиозен мистицизам во него, која обично се среќава кај високонадарените уметнички природи (Вагнер е пример, исто така и Лист), бил привлечен од прекрасниот текст на мисата, неговата величественост и свеченост, и светот е збогатен со едно незаборавно генијално дело.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Мисата ја водеше Дон Симон Јубани, кој беше минал 26 години од животот во затвор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знаеме само дека надбискупот ја напушти салата и дека следниот ден во некои цркви приредбата ја прогласиле за црна миса, и исто така знаеме дека салата ја напуштил министерот за надворешни работи Зоран Талер. Католик и либерал.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа било Бетовеновото решение за проблемот на постоењето.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Тоа беше првата јавна миса по забраната во 1967 година.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе