монументален (прид.)
За да ги пронајдеме изворите и паралелите на неговата монументална непробојност ќе треба да се свртиме кон Холивуд , или кон светот на рок музиката.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Врши градација на душата која се поматува и се губи во студените, влажни, мувлосани монументални простри на сивото секојдневие во кои се губи изворот на светлината, ткаеж од спомени кои се параат во темнината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Последната збирка песни која ја објави Махмуд Дарвиш беше Трагата на пеперутката, еден вид тивок поетски тестамент на едно монументално поетско творештво со универзални вредности!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Берзата е старовремска зграда, во стилот на раскошниот барок. Монументална.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Хегеловата филозофија е круна по развитокот на онаа преродба на немскиот филозофски идеализам, којшто почна со Кант, па преку Фихте и Шелинг заврши во монументалната филозофска зграда на Хегел.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Кога имате намера да влезете во Истанбул, тоа не ќе можете да го сторите без да го пречекорите „Златниот Рог“, преку еден од овие монументални мостови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Татковиот проект, во кој секој балкански народ би бил посебно претставен, заврши како што завршуваше секоја илузија на големите балкански автодидакти, поради големите празнини во историјата на нивните народи, во недостиг на институциите кои би го бележеле, континуирано, нивното сеќавање, како очајнички монументален подвиг.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа е знаменитата и монументална Келнска катедрала, која, со своите кубиња, високи 155 метри, речиси и ги распарува облаците.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)